Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите три пресуди во Европа за „заштитен сведок“

0
By Борјан Јовановски on October 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2013 14:17

Во архивите на Европскиот суд за човекови права во Стразбург нема случај идентичен или сличен на оној на Кежаровски. Кога станува збор за слобода на медиуми и слобода на изразувањето, праксата на судот во Стразбур познава еднинствено дела водени против новинари обвинети по член 10 од Конвецијата за човекови права. Овој член ги третира делата како што се говорот на омразата и поттикнување на насилство и расна нетрпеливост.

НОВА консултираше повеќемина меѓународни експерти како и организации во обид да дојде до информации за судска пракаса во Европа која третира судски процес против новинар за дело како што е отркивање на идентитетот на заштитен сведок.

Вакви дела се регистрирани само во судската пракса на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг. Во архивите на овој суд постојат три вакви дела.

Највисоката каза му е изречена на хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ. Хашкиот суд на овој новинар поради, како што се вели, флагрантни кршења на правилата на судот и откривање на идентитетот на многумина заштитени сведоци му изрече казна затвор од три месеци и парична казна во висина од 10.000 евра.


Постапката на новинарот, судот проценил дека е безобзирна кон безбедноста на заштитените сведоци што заслужува да му биде одредена затворска казна. Судот утврдил дека Маргетиќ ги одвратил сведоците од сведочење и ги довел нивните животи во опасност.

Овој новинар објавил имиња на 48 заштитени сведоци кои сведочеле во процесот против генералот Блашкиќ, обвинет за потчинување на воени злосторства.

Обвинителството во овој случај тврдело дека бил свесен дека објавува докумети означени како доверливи и побарало казна од 6 месеци затвор и 50.000 евра.

Втората по висина казна изречена за слично дело е во висина од 15.000 евра, а изречена на новинарот Ивица Маријачиќ обвинет дека го објавил идентитетот на заштитениот сведок во случајот кој се водел против хрватскиот генерал Блашкиќ обвинет за воени злосторства.

Во овој случај станува збор за објавување на информации за офицерот на холандската армија Јохан ван Кујк кој сведочел како заштитен сведок во процесот против Блашкиќ.


Трета и последна ваква пресуда е донесена против косовскиот новинар Батон Хаџију обвинет поради тоа што го открил идентитетот на заштитениот сведок во процесот против Рамуш Харадинај обвинет за воени злосторства.

Судот во Хаг на новинарот Батон Хаџију му изрекол парична казна во висина од 7.000 евра. Судот оценил дека со објавувањето на името била доведена безбедноста на сведокот како и тоа дека со ова му било наштетено на судскиот спор.

Обвинителството во овој процес барало на Хаџију да му биде изречена парична казна во висина од 15.000 евра.


Пресудата против новинарот Кежаровски доколку воопшто се утврди дека е основана за делото отркивање на идентитетот на заштитен сведок ќе биде преседан во Европа според висината на изречената казна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.