Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски: Бараме разрешување на Трајко Вељановски

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2013 15:50

Денес пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Собранието достави три барања:

-Прво, итно организирање на посебна и детална надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиноста, злоупотребата на притворот, загрозувањето на правото на изразување и медиумската слобода.

Оваа надзорна расправа бараме да се спроведе без одлагање во Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, водена од пратеник на ВМРО ДПМНЕ. На оваа надзорна расправа ќе побараме голем број сведоци, ќе побараме голем број на одговори. Ќе почнеме од Никола Груевски, претседателката на РСС и членовите на ова тело, министерот и заменикот за правда, Евроамбасадорот Орав, новинарите итн.

Второ, нашите пратеници во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе побараат одржување на посебна седница на ова тело на која ќе се разговара за вчерашното полициско оневозможување на уставно загарантираното право за протест и слобода на изразување.

И трето, денес предлагаме одлука за разрешување на Трајко Вељановски од функцијата Претседател на Собранието, соопшти пред новинарите Игор Ивановски, Координатор на Пратеничка група на СДСМ.

Еве ги причините:

Последниот партиско-полициски упад во општината Центар, преку апсењето на Шиповиќ и блокадата на Советот на општината, монструозната казна за новинарот Кежаровски заради два новинарски текста и полициското спречување на новинарскиот протест, се само последните манифестации на партиско-полициската држава водена од ВМРО ДПМНЕ.

На 17.10. ПГ на СДСМ и НСДП, согласно член 185 став 1 од Деловникот на СРМ поднесоа цитирам „Информација за активностите на Владата и владините органи на Република Македонија за погазување на уставното начело на пресумпција на невиност и злоупотреба на притворот, како резултат на што Република Македонија станува држава на политички прогон и политички затвореници“.

Тоа е право на опозицијата, на секоја втора седница да достави своја, автентична точка на дневен ред. Каква ќе биде таа, е само наше право.

Продолжувајќи послушно да ги спроведува исклучиво партиските директиви на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски, четири дена по поднесувањето на информацијата, истата одбива да ја стави на дневен ред на наредните седници, со скандалозно образложение со кое бара да го смениме насловот на Информацијата, бидејќи според него тој прејудицирал заклучок и имал навредливи формулации за угледот на институциите на државата.

Тоа го тврди Вељановски кое досега многупати го погази Собранието, а ќе издвојам два примера:

Трако Вељановски е лицето кое исполнувајќи ги наредбите на својот партиски шеф Груевски, нареди со полиција да се избркаат пратениците и новинарите, и со тоа го прекрши Уставот, Деловникот и Законот за Собрание, директно и лично предизвикувајќи огромна штета за правниот систем и угледот на Република Македонија.

И повторно Трајко Вељановски, го прекрши угледот и правниот систем на државата, кога преку РСС, во кој Собранието на чело со него избира дел од членовите, го избра неговиот кум за претседател на Врховниот Суд или пак, неговата братучедка за судија во Вишиот Управен Суд.

Во ситуација кога власта секојдневно го тероризира медиумскиот простор, затвора и казнува новинари и забранува протест на новинари, сега власта се обидува дури и да спречи дебата во Собранието.

Тоа нема да го дозволиме. Токму затоа што Вељановски, повторно по налог на Груевски, ја спречува собраниската дебата за нашата Информација, денес поднесуваме барање за посебна и детална надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиноста, злоупотребата на притворот, загрозувањето на слободата на изразување и медиумската слобода.

Образложението за одлуката за разрешување на Трајко Вељановски е јасно. Тој упорно го прекршува Уставот, законите и Деловникот, и свесно и директно работи на штета на угледот на институциите и правната држава, образложи пратеникот Ивановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.