Published: Thursday, October 24, 2013 16:21
Токсична жива, според наводите, била фрлена пред тетовската канцеларија на Управата за јавни приходи.
Полицијата потврди дека утрово службеничка во УЈП ја забележала непознатата течност, која била пред канцеларијата на раководителот.
Повикала полиција, а пристигнала и екипа на тетовската противпожарна единица, која откако завршил увидот, започна да ја собира опасната материја.
Од СВР Тетово информираат дека работат на откривање на сторителот и неговите мотиви.
Живата е една од најтоксичните материи кои можат да се најдат во човековото опкружување. При вакви настани со неа треба да се постапува многу претпазливо и соодветно да се собере и дислоцира.




