НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитриев: Поради законски пропусти,ОТА и УБК не ги даваат сите документи на Комисијата за надзор

0
By Соња Петрушевска on March 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на собраниската комисија во чија надлежност е следењето на комуникациите денеска повторно ќе извршат надзор во новоформираната Оперативно Техничка Агенција (ОТА) која според Законот, може да ги следи телефонските разговори само со судски налог. Пред посетата на ОТА, претседателот на Комисијата, Емил Димитриев за НОВА  вели дека „ општите формулации во Законот за следење на комуникациите создаваат проблеми во пракса“.

„На пример, кога ќе одиме во надзор во УБК или во ОТА и бараме одредени документи, има дилема дали можат да ни се дадат на увид. И на лице место спориме – ние велиме дека смееме да гледаме, тие велат дека не смееме. И тоа е проблем и за нас и за нив“, вели Димитриев.

Тој најавува дека по претседателските избори ќе поднесе предлог закон во кој суштински и детално ќе се дефинира надзорот на безбедносните служби и новата ОТА, по примерот на Словенија.

„Тие имаат посебен Закон за надзор со јасни надлежности и тогаш ниту една институција нема да може да Ви каже, тој документ не ви го даваме. Јас ги разбирам и претставнициите на УБК и на ОТА затоа што ако не е дефинирано, некој во одреден момент ќе може да ги обвини дека дале документ што не требало да го споделат“, вели Димитриев.

Во овој контекст, по примерот на европските земји, Димитриев наведува дека е потребно да се направи и тнр. глува соба во Собранието за која веќе се разговарало со претставници од Женевскиот институт DKAF (Центар за безбедност, развој и владеење на правото) и било предложено архитектонско решение. Собата ќе чини околу 500.000 евра, а дел од парите може да се добијат преку донации.

„Во сите земји од ЕУ, комисиите кои работат со доверливи информации држат состаноци во посебни тнр. глуви соби кои се со посебна заштита, за да не можат да протекуваат информации и да не можат да бидат слушани, а имаат  и посебен начин на употреба и архивирање на класифицирани документи. Ова е  стандард во сите земји на ЕУ и на НАТО, а ние претендираме да бидеме дел од тие меѓународни институции“, вели Димитриев.

Во надзорот на работата на ОТА треба да се вклучи и цивилниот сектор, но Советот за граѓански надзор не е формиран. Избрани се само три члена, а Советот треба да има седум. Се доцни и со ангажирањето на експерти кои треба да и помогнат на Комисијата кога ќе врши увид во УБК и на ОТА. На огласот што го објави Собранието, се пријавија седум кандидати, но нивниот избор ќе биде направен по претседателските избори, бидејќи Собранието ќе работи до 1 април.

И експертот за безбедносни прашања, Магдалена Лембовска од невладината организација „Евротинк“,  напоменува  дека за сите вклучени во надзорот „треба да се обезбедат соодветни ресурси, воспоставување на правила и процедури како ќе се врши надзорот и контролата, пристап до експертиза и т.н, но истовремено клучен е интегритетот и посветеноста на лицата кои ќе го вршат надзорот“.

Таа посебно се осврнува на контролата и надзорот врз новата Агенција која ќе ја замени УБК.

„Со оглед на природата на нивната работа, безбедносните служби располагаат со надлежности и моќи кои се сериозна закана за човековите права и слободи, и токму затоа, потребни се силни контролни и надзорни механизми кои ќе го минимизираат ризикот од злоупотреба. Воспоставувањето на внатрешна контрола е за поздравување, но многу ќе биде важно кој ќе раководи со внатрешната контрола и дали ќе се обезбедат доволно ресурси за неа. Од друга страна, парламентарниот надзор над новата Агенција  воопшто не е добро поставен и не се разликува суштински од досегашната рамка за парламентарен надзор над УБК  која како што знаеме не покажа никакви резултати“, вели Лембовска.

За  успешна реформа, покрај контролата, таа ја нагласува и кадровската политика и дека во новата Агенција не треба да има место за оние кои биле вклучени или молчеле за злоупотребите.

„Во однос на кадарот кој треба да работи во службите, не можеме да зборуваме за суштинска реформа доколку не се воспостави одговорност за минатите злоупотреби. Вработените во УБК треба да подлежат на сериозни проверки пред да преминат во новата Агенција за национална безбедност (АНБ).

Во неа не смее да има место за оние кои биле вклучени во какви било злоупотреба, за оние кои со години молчеле за злоупотребите иако не биле директни учесници, ниту за оние кои не поседуваат соодветно образование и искуство за да работат во ваква служба. Притоа, многу ќе биде важно кој ќе ја прави таа проверка, односно кој ќе ја сочинува Комисијата за селекција на кадарот на УБК кој ќе премине во АНБ.

Токму тука гледам посериозни недостатоци во предлог-законот и се надевам дека ќе бидат исправени преку амандмани во второ читање. Исто така, треба подобро да се дефинираат условите за следните вработувања во Агенцијата, со цел да се отстрани ризикот од нова политизација на службата“, вели Лембовска.

Првата фаза од Предлогот – законот за новата Агенција за национална безбедност беше изгласана во Собранието, по што следуваат партиските договорања меѓу власта и опозицијата за неговата конечна верзија. Димитриев верува дека компромис ќе се постигне, ако се тргне од филозофијата дека треба да се изградат системи кој треба да функционираат без разлика кој ги управува .

„100 отстотна гаранција дури и на хартија нема – дека може да се воспостави таков систем на контрола кој ќе гарантира дека нема злоупотреба. Нашата работа е согласно ресурсите на нашите тела да вршиме максимална квалитетна контрола, но од друга страна, и раководните структури на тие институции треба да знаат дека прекршувањето на законите значи и одговорност  и дека ако го прават тоа свесно, одговорноста нема да ја избегнат.

Бевме сведоци на  неколку крупни хавараи во делот на безбедносниот сектор и верувам дека сите кои работат во тој дел извлекле поука дека законите, правилата на функционирање на институциите треба да бидат императив во своето работење“, рече Димитриев.

Реформирањето на безбедносните служби, граѓанската контрола врз УБК , ОТА се меѓу приоритетите кои треба да ги испорача земјава пред јунскиот Самит. Првата оценка за динамиката на реформскиот процес ќе биде позната на 19 март за кога е закажан Советот за стабилизација и асоцијација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.