Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Непотврден случај на МРСА ги вознемири родителите-надлежните апелираат да не се крева паника

0
By Менче Атанасова Точи on March 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2019 14:42

Нов непотврден случај на МРСА во нос кај дете од шесто одделение во ОУ „Панајот Гиновски“ ги вознемирил родителите на децата кои посетуваат настава со него.  Неофицијално, родителот на детето донел резултат од лабораторија, но случајот ниту тој, ниту матичниот лекар не го пријавил во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Во моментот екипи од Центарот за јавно  и инспектори од ДСЗИ се упатени на  терен да утврдат за што точно се работи.

„Треба да се остават инспекторите да си ја завршат работата, потребно е време да ги потврдиме случаите. Не може за секој поединечен случај да одиме посебно особено што не се пријавени, молиме за трпение“, изјави за НОВА, Ирина Бухова директорка на ДСЗИ.

Од Центарот за јавно здравје и од ДСЗИ апелираат до родителите да не прават непотребна паника бидејќи  МРСА не е болест, тоа е бактерија која може да предизвика инфекција, а не смртоносна болест.  Згора на се велат од таму, се знае каде се пријавуваат вакви работи, не на социјалните мрежи каде што се шири паника и се прави тензија.

„Апелираме да не се прави паника. Нема никаква опасност, ситуацијата е под контрола на терен и се испитуваат сите случаи. Во Центарот за јавно здравје нема нови пријавени случаи“, велат од таму.

Лекарите потенцираат дека нема опасност од инфекција кај здрав организам. Вчера епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје објасни дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе за отежнато и подолготрајно лекување. Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација.

„Секое лице кое е инфицирано со оваа бактерија мора да се изолира од колективот, односно во здравствена институција, во болничка соба каде не може да дојде во контакт со други лица… треба кај матичен доктор да се лекува согласно антибиограмот. Лекувањето трае најмалку седум до десет дена и не смее да се прекинува. Оној момент кога ќе добиеме негативна култура односно кога во брисот од нос и грло нема да најдеме присуство на оваа бактерија лицето може да продолжи со својата работа. Затоа внимателно во делот на испишување или кажување дека се работи за смртоносна бактерија. Истите лица кои вчера беа „тешко болни“ денеска функционираат без проблем“, рече епидемиологот Караџовски.

Појасни дека станува збор за бактерија која прави контаминација на својата околина, која тешко се искоренува, заради тоа што не реагира на најголем број антибиотици, но, има антибиотици од групата ванкомицин кои се даваат во редовна употреба за нејзино лекување.

Како што вчера потврдија од ДСЗИ за НОВА, кај четири деца е пронајдена бактеријата МРСА во нос во градинката „Снежана“ во Чаир, а во основното училиште „Панајот Гиновски“ кај едно од децата. Направена е дезинфекција и преземенис е сите мерки за заштита на децата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.