Пишува државниот секретар на САД Мајкл Помпео, во предговорот на Извештајот на Стејт департментот
Соединетите Држави беа основани на премисата дека сите луѓе „се создадени еднакви, и дека нивниот Создавател ги дарил со неотуѓиви права, како што се правото на живот, слобода, и потрага по среќа“. Нашиот Устав ги осигурува овие неотуѓиви права со прокламирањето на првиот амандман според кој „Конгресот нема да донесува закони почитувајќи го естаблишментот на религија, нити да го забрани практицирањето на истата, или забранување на слободата на говор, или печат, или правото на луѓето мирно да се собираат, или да собираат петиции за поплаки до Владата“. Петтиот амандман исто така укажува дека никој човек нема „да биде лишен од животот, слободата или сопственоста без судска постапка“. Истите овие концепти беа усвоени меѓународно во Универзалната декларација за човекови права во членовите 3, 10 ,12 ,1 ,19 и 20.
Основачите на Соединетите Држави и делегатите во Комисијата за човекови права на ОН препознале дека тие основни слободи на религија или уверување, изразување, мирно собирање и здружување припаѓаат на секое човечко суштество. Овие слободи не се гарантирани од владите туку се базирани на суштинското достоинство на човекот. Тие не можат да бидат ускратени од владите поради економски, социјални или културни поводи. Тие се неотуѓиви. Владите се задолжени да не ги попречуваат човековите права и основните слободи.
Оние суверени држави со кои имаме најблиски, најстари и продуктиктивни соработки се оние каде владите генерално ги почитуваат човековите права, вклучувајќи ги слободата на религија, изразување, мирно собирање и здружување, и не се вклучуваат во нарушување на човековите права како што се убивањето без судење, тортура и продолжување на арбитрарен притвор. Спротивно, државите кои се закануваат на регионалната стабилност, се државите спонзори на тероризам, или оние држави кои стануваат таргет за регрутирање на терористи, речиси неизбежно се држави кои потфрлаат во почитувањето на неотуѓивите права во рамките на нивните граници.
Политиката на оваа Администрација е да соработува заедно со останатите влади, без разлика на нивното досие, доколку тоа ги напредува интересите на САД. Во исто време, ние препознаваме дека интересите на САД за стабилност, просперитет и безбедност на светот исполнет со силни, суверени држави ќе биде така ако владите ги почитуваат човековите права и основните слободи. До тогаш, индивидуите кои бараат реформи за крај на кршењето на уживањето на неотуѓивите права – без разлика дали тие индивидуи се дел или не од владата, тие ќе најдат сочувствителен пријател и силен поддржувач во Соединетите Американски Држави.
Овие 43 годишни државни извештаи за човекови права се допринес кон тој процес.




