Published: Friday, October 25, 2013 09:07
Посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Њујорк, како што е најавено, треба да има заедничка средба со преговорачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Синоќа Нимиц имал одвоени средби, најпрвин со Василакис, а потоа и со Јолевски.
Mакедонската страна во последниот период постојано повикува на конструктивност од грчката страна, а Атина одговара дека за Грција решението мора да биде име со географска одредница и за севкупна потреба.
Претходно, Мартин Несирки портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации изјави дека Бан Ки Мун изразил надеж оти разговорите ќе отворат пат за решавање на спорот, бидејќи тоа е во интерес на двете земји, но и на Западен Балкан.




