Published: Friday, October 25, 2013 14:17
Здружението на новинарите на Македонија денеска побара од народниот правобранител Иџет Мемети да помогне во случајот со новинарот Томислав Кежаровски.
Претседателот на здружението Насер Селмани изјави дека побарал од Мемети да се уверел во информациите во јавноста дека условите за престој во затворот биле нечовечки. Мемети изјави дека бил загрижен во врска со состојбите и делбите во општество и во новинарската фела.
Народниот правобранител Иџет Мемети, посочи дека до сега имаат остварено средба со сопругата на Кежаровски и дека повеќе од десетина пати го посетиле Кежаровски во затворот.
Според препораките и укажувањата на Народниот правобранител тој бил преместен и е здравствено згрижен.




