Published: Friday, October 25, 2013 14:23
Министерството за здравство распишува јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро, односно за биомедицинско потпомогнато оплодување. Повикот ќе трае 26 дена по што ќе следи јавна аукција, соопшти денеска на прес-конференција ресорниот министер Никола Тодоров.
– Во моментов во државата има седум овластени здравствени установи за спроведување на ин витро и заедно со новите пет лиценци ќе се зголеми конкурентноста и осигурениците ќе добијат поголема можност да избираат каде ќе ја извршат оваа услуга, рече Тодоров.
Тој ги повика да се пријават здравствените установи надвор од Скопје бидејќи засега најголем број установи кои вршат инвитро се во главниот град, како и една во Битола и една во Штип.




