НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погребана Јованка Броз, вдовицата на Јосип Броз-Тито

0
By Нова ТВ on October 26, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со воени почести и плотуни на единицата на Гардата на Војската на Србија денеска во „Куќата на цвеќето“ во Белград погребана е вдовицата на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, Јованка Броз, потполковник на ЈНА и носител на Партизански споменица.

Ковчегот со телото на Јованка Броз беше спуштен во гробот со мелодијата на песната „Бела чао“ што била нејзина последна желба. Таа е погребана покрај гробот на Тито, а на плочата од бел мермер, со златни букви , идентични со оние испишани на плочата на Тито е напишано, „Јованка броз 1924-2013“. Според проценките на полицијата, на погребот присуствувале околу 10.000 луѓе.

Покрај претставниците на државниот врв, на погребот присуствуваа и членови на дипломатскиот кор и странски делегации, а покрај премиерот Ивица Дачиќ проштални говори имаа и внукот на Јованка Броз, Горан Алексиќ и претседателот на SUBNOR, Миодраг Зечевиќ.

Дачиќ во својот говор рече дека таа била прва дама, гордост и претставник на државата. „Пред смртта никој не ја споменуваше иако беше прва дама, институција и важен дел од нашата историја, која како и нејзе брзо ја отфрливме и ја заборавивме“ рече Дачиќ.

„Време е да признаеме дека направивме грев, и кон Јованка Броз и кон сопствената историја. Неправдата почна да се исправа дури на крајот на нејзиниот живот, кога и доделив пасош и лична карта пред неколку години и рече дека не планира никаде да патува“ рече премиерот на Србија, Ивица Дачиќ во својот говор.

Тој потсети дека на погребот на Јованка не присуствува ни еден претставник од властите на другите држави кои беа членки на поранешна Југославија.

„Ова е заминување на последната икона на поранешна Југославија. Почивај во мир покрај човекот на кого му го посвети животот и од кого на сила и неправедно беше разделена. Се простуваме со Јованка Броз, офицер на ЈНА, сопруга на претседателот Јосип Броз Тито“ рече Дачиќ.

„Во младоста и староста, и кога имаше и кога немаше ја красеа гордост, почит и достоинство“ рече Горан Алексиќ, претставник на семејството на Јованка Броз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.