Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Нема радиоактивна риба во државата-во некои маркети ја има од ФАО 67

0
By Нова ТВ on March 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2019 14:26

Котлети од лосос од опасната радиоактивна зона на Фукушима во Јапонија означена како  ФАО 67 се продаваат во некои од маркетите во државата, тврдат граѓани за НОВА. Фотографии од пакувања на кои е назначено дека рибата потекнува  токму од регионот каде што беше нуклеараната катастрофа  се појавија и на социјалните мрежи.

Ова пакување на котлети од лосос е фотографирано пред 2-3 дена во еден од маркетите во Чаир. Неколку часа подоцна, откако побаравме одговор во Агенцијата за храна, а граѓани се јавија и во фирмата која што ги пакува, неколкуте пакувања кои беа останати, ги снема од фрижидерот на маркетот.

Котлети од лосос на кои пишува дека се уловени во ФАО 67

Во Агенцијата за храна тврдат досега дека  немаат добиено нотификација за небезбедна пратка на котлети лосос по потекло од Јапонија од страна на  Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија.

„Рибите, вклучително и производите од риба и морските плодови кои се увезуваат во земјава се безбедни. Пратките се увезуваат од земји, региони и објекти кои се одобрени за увоз и задолжително се пропратени со ветеринарно – здравствен сертификат со кој врз основа на извршени лабораториски анализи се гарантира безбедноста.

По нуклеарната несреќа во Фукушима, Јапонија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за задолжително лабораториско испитување на радионуклиди во пратки со храна за исхрана на луѓе и пратки со храна за исхрана на животни кои потекнуваат или се испорачани од Јапонија, а кои се наменети за увоз во Република Македонија (Службен весник на РМ бр. 219/16 и 53/18). Согласно ова решение, овој вид на пратки задолжително се испитуваат на цезиум-134 и цезиум- 137, пред и по увозот во Република Македонија.  Пратките не се пуштаат во промет се додека не се добие резултат од анализите со кои се потврдува безбедноста“, велат во Агенцијата за храна(АХВ).

Од  АХВ  тврдат дека во досегашните испитувања не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми на пратките со риба, производи од риба и морските плодови кои се увезени во земјава.

„Минатата година, од страна на официјалните ветеринари на граничен премин, како небезбедна, не е вратена ниту една пратка со овој вид производи. Ваквата храна е предмет на контрола и во  внатрешниот промет“, велат во АХВ.

Во 2018 година на македонскиот пазар увезени се вкупно 6.072.498 килограми замрзната риба, најмногу од Аргентина, потоа од Шпанија, САД, Англија, Норвешка, Полска, Исланд, Италија, Турција, Хрватска, Русија и од други земји. Увозот на 669.116 килограми свежа риба (дел пакувана под контролирани атмосферски услови), минатата година реализиран е од  Грција, Норвешка, Албанија, од Турција и од соседна Србија.

Увозот на производи од риба во 2018 година изнесувал 2.523.233 килограми и истиот е реализиран од 35 земји меѓу кои Тајланд, Виетнам, Хрватска, Индонезија, Мароко, Естонија, Кина, Аргентина, Италија, Чиле, Бугарија и други.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.