Published: Saturday, October 26, 2013 20:14
Министерството за труд и социјална политика предлага продолжување на породилното отсуство. Наместо девет месеци, да трае дванаесет.
Според предлогот на министерството, по редовните девет месеци, треба да се воведе можност за користење уште три неплатени месеци отсуство. За тие месеци мајките нема да земаат надомест но работодавачите имаат обврска да им го чуваат работното место.
Овие дополнителни месеци може да се искористат додека детето наполни три години.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов треба најави дека за овој предлог треба да расправаат економско-социјалниот совет, синдикатите и Владата.




