Published: Monday, October 28, 2013 08:45
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ќе го посети новинарот Томислав Кежаровски, осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години поради објавување на идентитет на заштитен сведок.
Правобранителот го прифатил барањето на Здружението на новинари и се очекува денеска да го посети Кежаровски во неговата затворска келија.
Кежаровски е единствениот новинар во Југоисточна Европa кој отслужува затворска казна поради објавен новинарски текст.




