Петар Богојевски, активист на ВМРО-ДПМНЕ вели дека карактеристиките на „груевизмот“ во Македонија е обидот масовно да се изманипулира вистината и таа успешно да се продаде на граѓаните.
-Она што остана одлика на „груевизмот“ е обидот масовно да се изманипулира вистината. Ние успеавме во времето на Груевски да прикажеме во Македонија дека сме трети по развој во Европа, пред Германија. До толку бевме усовршени, што успеавме да ги убедиме дека сме пред Германија, за наеднаш сега да сме последни во Европа. Такви осцилации во економски развој е невозможно. Тоа како пример покажува дека она што значи пропаганда – пласираните лажни вести е еден од столбовите на „груевизмот“, изјави Богојевски во емисијата „Печат на неделата“ на 1тв.