НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната недела грчкиот Парламент ќе го одобри отворањето граничен премин кај Преспа

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спогодбата меѓу Грција и Северна Македонија за отворање на граничен премин кај Преспа, следната седмица ќе биде ратификувана од грчкиот Парламент, по што ќе следи и министерска одлука и соодветен претседателски декрет, соопштила алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на состанокот во грчкото МНР за новиот граничен премин, јави МИА од Атина.

На состанокот под алтернативната шефица на грчката дипломатија, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, учествувале координаторот на децентрализираната администрација на регионот Епир- Западна Македонија, Василиос Михелакис, заменикот префект за енергија, животна средина и транспорт на областа Западна Македонија, Константинос Геру и градоначалникот на Општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, како и претставници на надлежните министерства.

Алтернативната МНР на Грција за време на состанокот го изразила задоволството што се покажува важноста на Договорот од Преспа за локалното население и ги повикала сите надлежни служби „на најдобар можен начин да го сторат она што е потребно за спроведување на спогодбата за граничниот премин“.

Учесниците го презентирале текот на истражувањето (патно поврзување, градежни објекти за полицијата и царинските власти и сл.), а било разгледано и доставувањето предлог за приклучување кон Европската програма INTERREG.

– Како што е одредено во спогодбата, во рок од 30 дена од ратификацијата, ќе биде формиран Мешовит комитет на експерти за спроведување на договорот, во кој ќе учествуваат претставници од Грција и Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР.

На состанокот било истакнато дека отворањето на граничниот премин е долгогодишно барање на локалното население од Преспа, поддржано од општината и надлежната периферија за надградување на поширокиот регион и за туристички развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.