Published: Monday, October 28, 2013 10:29
Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Скопје.
Покрај средбата со шефот на дипломатијата Никола Попоски, Ховит се очекува да присуствува и на седниците на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, на кои треба да биде презентиран Извештајот на ЕК за земјата.
Во интервју за НОВА Ричард Ховит истакна ќе лобира Европскиот совет сериозно да ја разгледа петтата препорака на Комисијата, како и тоа дека Владата на РМ треба да биде подготвена на компромис – треба да се видат дејствувања. Тој ја истакна загриженоста на ЕУ за слободата на изразување во Македонија.




