Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на Клинички е против јавното приватно партнерство на Филипче

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2019 12:51

Синдикатот на Клинички центар го потсетува Министерот за здравство дека и крајниот рок кој тој го одреди за изградба на 2 до 3 катни гаражи истекува за 2 недели, а досега ниту еден столб не е поставен на просторот предвиден за катни гаражи

За Синдикатот на Клинички центар не е прифатлив концептот за јавно-приватно партнерство во јавните здравствени установи кои се во состав на Клинички центар, вклучувајќи ја и стерилизацијата.

И на Синдикатот на Клинички центар и на јавноста добро и е познато значењето и улогата на јавното-приватно партнерство и правата на вработените во таквите “јавно“ ПРИВАТНИ ПАРТНЕРСТВА. Истото се однесува и за правата на пациентите во таквите “јавно“ ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ каде главниот интерес на новите “јавно“ ПРИВАТНИ ГАЗДИ е исклучиво и единствено ПРОФИТОТ.

Синдикатот на Клинички центар е на став дека Клинички центар како установа од посебен интерес за државата треба да се изземе од планирањето при вакви и слични реформи во јавното здравство.

Истовремено, Синдикатот на Клинички центар не прифаќа било каков натпревар или споредба на Универзитетска клиника со приватна здравствена установа. Несватлива е и помислата дека Универзитетска клиника може да се затвори на сметка на приватна здравствена установа.

Секој кој ќе доведе до затварање на Универзитетска клиника на сметка на приватна здравствена установа треба да е свесен дека неповратно го започнува процесот на уништување на јавното здравство со сите несакани последици по пациентите и граѓаните.

Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека ваквите реформи во јавното здравство се спротивни на претходно ветените заложби на Владата за зајакнување на јавното здравство.

Синдикатот на клинички центар ги потсетува Министерот за здравство и Премиерот за нивните ветувања, кои Синдикатот ги поддржа и ја чека нивната реализација:

  1. Основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство до 2020 година од 100 000,00 денари; двојно зголемување на платите на другите здравствени работници
  2. Единствен клинички центар
  3. Бесплатен паркинг за вработените во Клинички центар или да не е повеќе од 200 денари месечно

Синдикатот на клинички центар го потсетува Министерот за здравство дека крајниот рок кој тој го одреди за изградба на 2 до 3 катни гаражи истекува за 2 недели. Притоа вети и се обврза дека по изградбата на катните гаражи картичката за паркинг за вработените во Клинички центар ќе биде бесплатна или нема да е повеќе од 200 денари месечно.

Во меѓувреме, ниту еден столб не е поставен на просторот предвиден за катни гаражи, а вредноста на картичката за паркинг за вработените во Клинички центар е зголемена за 229% и изнесува 800 денари, што за поедини профили вработени е еднакво на процентот на покачување на јануарската плата.

Синдикатот на клинички центар и вработените очекуваат реализација на ветените програми и планови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.