Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2019 20:12

Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И по вечерашната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите.

Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата, вечерва изјавија дека разговорите продолжуваат и оти е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.

– Разликите остануваат. Клучните разлики се во статусот на СЈО и во употребата на аудио материјалите.  Се договоривме да се извршат консултации во делот на тоа каде би можело да има придвижување за да најдеме простор за заедничко носење на законот. Така што денеска нема некој посебен напредок со кој може да се пофалиме, изјави по средбата министерката за правда Рената Дескоска-Треневска.

Дескоска се надева дека законот ќе биде донесен пред изборите. – Работиме на обезбедување мнозинство од 80 пратеници,  рече Дескоска, додавајќи дека се разговара со сите пратенички групи. Соопшти дека денеска имале средба со Беса и Алијанса на Албанците и оти се најдени заеднички точки околу кои може да се движи поддршката за законот.

И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека остануваат разликите во однос на текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство, но оти постои расположение за понатамошни средби.

– Остануваат сериозни разлики во толкувањето на содржината на целиот Предлог закон за обвинителство но, исто така беше потврдено дека постои расположение за одржување на понатамошни консултации со цел да вложиме заеднички напори да стигнеме до одреден напредок и можно заедничко решение, изјави вечерва Милошоски.

Конструктивноста на опозицијата беше поздравена и од страна на ДУИ. – За поздравување е што опозицијата продолжи со конструктивниот дијалог во однос на Законот за јавно обвинителство и поднесе амандмани. Договорено е да се продолжи со разговорите во обид да се изнајде компромисно решение за усвојување на законот на консензуален начин во Собранието, изјави Артан Груби од ДУИ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.