Вчера почина доајенката на театарот, Мушареф Лозана -Мишка, на 85. годишна возраст. е родена на 18-ти август 1933-та, во Приштина. Била членка на обласното позориште во Приштина, а потоа од 1955, па се до 1991 била членка на турската драма на театарот на народностите во Скопје. Нејзини истакнати улоги се Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана во „Мајка храброст“, Емина во „Лудата Емина“, Долорес во „Јерма“, Капларот во „Кавкаски круг со креда“, и др.
Мушереф Лозана Прекиќ, во 2016 година го доби признанието „13 Ноември“, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје. Погребот е утре, од 15 часот, на гробиштата „Бутел“, а додека, пак, комеморацијата е закажана за 2 април (вторник) во 12:00ч. во театарот „Комедија“.




