Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Гори на најмалку 12 локации на цела територија, со авиони се спречува ширењето

0
By Нова ТВ on March 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2019 14:01

Центарот за управување со кризи на страницата објави информација за активните пожари на отворено до 13 часот.

Според оваа информација, во скопски регион во место викано Љуботенски бачила побарано е ангажирање на авиони за гаснење на пожар кој зафатил поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње. Поради силниот ветер пожарот се шири кон местото „Башинец“, а теренот е непристапен. На самото место се упатени припадници на шумско стопанство Караџицa.

Во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево има активен пожар кој зафатил и дел од пругата. Побарано е од ЕВН да ја исклучи струјата на таа траса поради интервенција со вода. Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. Известена е БППЗ на Град Скопје и ШС Караџица.

Во битолски регион, активен е пожарот кај селата Прељубје и Покрвеник. Гори сува трева и трска, и неколку овошни насади, опожарена е површина од околу 50 хектари. Ангажирани се ТППЕ-Единица и ренџерска служба како и лица од месното население.

Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан, на местото викано Кале се движи кон село Отешево, а опожарено е околу 70 хектари, гори сува трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат лица од Национален парк Галичица, и пожарникари од ТППЕ-Ресен. Ограничено е гасењето од земја од причина , што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.

Во тетовскиот регион, се уште е активен пожарот кај с.Лакавица, општина Желино. Од ЕЛС Желино е испратено и писмено барање до ДЗС Тетово за употреба на канадерите за интервенција за гасење на пожарот кој е на тешко непристапен терен.

Од пожарот кај Желино се изгорени и 5 електрични столбови, а селата од тој реон се без електрична енергија, за што се информирани ЕВН од каде што се излезени екипи на терен за согледување на состојбата и интервенција и санирање на последиците.

Во охрдискиот регион, во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански.

Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума. На гаснење на пожарот интервенираат вработени од ШС Сандански и од месното население.

Во велешкиот регион, активен пожар има во атар на с. Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес. Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас.

Во штипскиот регион, во атарот на Саса местото викано Трканица Владимирово има активен пожар каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснењето на пожарот интервенираа авиони од ДСЗ. На терен се ТППЕ Делчево, со вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.

Истокот гори: Пожари во Владимирово, Русиново и Саса-причина е човечки фактор

Во кумановскиот регион, во моментов има активен пожар во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре. Екипи на Шумско стопанство се на терен и интервенираат во гаснење на пожарот.

ДСЗ: 120 лета на канадерите кои фрлија 300 тони вода
Дирекцијата за заштита и спасување во изминатиот период биле вклучена во гасењето пожари, некои од кои од поголем размер, а некои освен врз животната средина, сериозно се закануваа и по животот на населението.
-Досега тие беа локализирани и ставени под контрола на цела територија во нашата земја благодарение на Специјализираното одделение со воздухоплови за воздушна поддршка  кое во секое време е  подготвено за делување. Станува збор за елитната единица на ДЗС, составена од исклучително искусен и стручен воздухопловен кадар, професионалци со многугодишно воздухопловно искуство, која изминатиов месец направи повеќе од 120 лета и исфрли на 300 тони вода, наведуваат од Дирекцијата.
Воедно, се додава, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски, секојдневно е на терен, и е во постојана комуникација со сите Подрачни одделенија на Дирекцијата, со што будно ја следи ситуацијата и под контрола ја држи целата ситуација во државава.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.