Министерството за здравство финансиски ќе го поддржи реализирањето на мерката што ја предлага Министерството за труд и социјална политика за продолжување на породилното отсуство за три месеци, кои нема да бидат платени, пренесува МИА.
Според министерот за здравство Никола Тодоров, продолжувањето за три месеци на неплатено породилно отсуство, ќе биде покриено со здравствено осигурување.
– Тој дел финансиски ќе биде покриен од програма на Министерството за здравство за да нема прекин во осигурувањето на жената што одлучила да добие три месеци дополнително породилно отстуство и потоа да нема проблем да добие определена здравствена услуга, рече министерот Тодоров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Покрувањето на здравственото осигурување во тие три месеци, според Тодоров, нема да повлече многу средства.




