Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што порача Ховит?

0
By Нова ТВ on October 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 28, 2013 20:06

Ричард Ховит денеска во Собранието реши да ги извади дипломатските ракавици и неговите соговорници да ги соочи со неговите ставови кои со него ги споделуваат голем број од неговите колеги во ЕП.

Ховит пред соговорниците нагласи дека случајот на новинарот Кежаровски во Брисел го вклучил црвеното светло по однос на состојбите со слободата на медиумите но и по однос на состојбите во судскиот систем.

„Случајот со Кежаровски го покренува прашањето и создава впечаток дека тој процес е дел од селективната правда“, рече Ховит.

Тој не пропушти да го нагласи и наодот во извештајот на ЕК за тоа дека корупцијата е раширена во општеството и претставува причина за загриженост.

Ховит не пропушти да обрне внимание и на проблемот со партизираноста на администрацијата и нејасната граница меѓу административните и партиските функции.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, упати порака до сите политички фактори да се посветат на евроинтеграциите во наредните два месеци до декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија. Тој рече дека Македонија доволно ги исполнила копенхагеншките критериуми, но нагласи дека дел од земјите членки во ЕУ не се согласни со тоа. Незаобиколна тема во неговиот говор пред Советот за евроинтеграции беше состојбата со медиумите и случајот со новинарот Томислав Кежаровски. Ховит нагласи дека постои високо ниво на загриженост во Брисел поради слободата на изразување и случајот со Кежаровски.

Известувачот за Македонија во ЕП ја актуелизираше и темата за договорот кој Македонија го склучи со Руската федерација за јужниот тек. За овој договор реагираше Европската енергетска заедница со тврдење дека тој отстапува од повелбата на заедницата чиј потписик е и Македонија. Во реакцијата на ЕЕЗ се тврди дека договорт е и во спротивност со македонското законодавство.

Ховит на средбата со македонските пратеници нагласи дека тој ќе се заложи Европскиот совет во декември да даде зелено светло за старт на преговори.

Според дипломатски извори, има добри намери да и помогне на Македонија но дека тие намери нема да може да се реализираат доколку Македонија не покаже конкретни резулати на планот на демократскиот развој.

Минатата недела, делегацијата на ЕП по инцидентот со протестот на новинарите по втор пат ја откажа посетата на Македонија. Прв пат ова се случи по инцидентите на 24 декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.