НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија може да ги загуби пријателите во Брисел

0
By Борјан Јовановски on January 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


НОВА: Кон крајот на минатата година презентиравте идеја како да се реши спорот со името. Идејата им ја презентиравте на премиерот ,лидерот на опозицијата, земјите членки на ЕУ и на луѓето во Европската Комисија. Дали постои ентузијазам дека оваа идеја може да доведе до решение на спорт?

ГЕРАЛД КНАУС: Не верувам дека било кој е ентузијаст во врска со проблемот со името. Ниту во Скопје, ниту во Атина и секако не во Европа. Сите сакаат овој проблем да исчезне. Најлесно, проблемот би исчезнал кога грчкиот премиер би рекол „Во ред е, 20 години ваква политика е погрешна и прифаќаме Вашата земја да се нарекува како што сака„ и со тоа да го подигне ветото. Но, тоа нема да се случи. Сите го знаат тоа. Затоа што грчкиот премиер и политичките партии во Грција исто така, сакаат да бидат повторно избрани. Затоа ни треба да се најде решение кое двете страни ќе го прифатат без да им биде нарушен дигнитетот. Тоа значи да не се одземе правото на Македонците да се нарекуваат тоа што се, но исто така на грчкиот премиер да му овозможи пред изборите да каѓе дека нешто е направено. Особено во наско на тоа дека е направана е географска дистинкција. Исто така важно е двете страни да се осигураат дека не се лажат една со друга, Тоа е нашиот предлог, но нема ентузијазам.

НОВА: Може ли накусо да ја презеирате оваа идеја?

ГЕРАЛД КНАУС : Идејата, во суштина е едноставна, сите знаат и во Скопје и во Атина и во Брисел, за да се постигне решение, треба се најде име за меѓународна употреба со географска одредница. Значи тоа би можело да биде: Република Северна Македонија и Северна Република Македонија, нешто така…Тоа се преговара веќе подолго време. Не е на мене да судам, но за многумина во Европа, такво нешто не делува шокантно, бидејќи очигледно е дека постои Македонија и во Грија. Мислам дека географската одредница треба да биде единствениот компромис на кој ќе се согласат двете страни. А што се однесува до името на нацијата и јазикот тоа би требало да остане како што е сега. Исто така, не верувам дека двете страни ќе се согласат и во тоа,но,тие проблеми ќе треба да останат, во тоа смисла ќе остане статус кво. Што се однесува до името на државата, Македонија треба да рече дека го прифаќа тоа име, на странски јазик француски или англиски за странска употреба, исклучиво оној ден кога Македонија ќе се придружи на ЕУ. Значи, основната идеја е да се најде решение за името на државата за меѓународна употреба на странски јазици, на македонски, останува како што е сега, со географската одредница. Тоа име ќе почне да се користи кога Македонија ќе се придружина ЕУ. Дотогаш ништо не се менува. Но, името со географска одредница, ќе се користи во меѓувреме наместо одредницата ФИРОМ.

НОВА: Како звучи македонската приказна денска во ушите на оние кои одлучуваат во ЕУ?

ГЕРАЛД КНАУС: Македонија делумно е блокирана поради Грција но исто така, постои впечаток кај некои земји членки дека Македонија не доволно прагматична колку што требало да биде и не е доволно фокусирана на европската агенда. Ако споредиме со Санадер во Хрватска, кој сега е во затвор за корупција, тој во однос на европската агенда како лидер на нациналистичка партија успеја да ја тргне историјата настрана. Тој не мислеше дека клучот за успехот на Хрватска е да се прославува илијадагодишннината од нивната историја, туку клучот е да се убедат скептичните земји членки на ЕУ. Јас мислам дека впечатокот на Европа е дека Македонија треба повеќе така да се однесува. Исто така постои загриженост поради актуелните политички тензии, не сум многу информиран, но знам дека постои загриженост во Брисел дека македонија може да пропушти уште една голема шанса и луѓето кои работат во корист на Македонија дека се поблиску до точката кога ќе се откажат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.