Последните разговори во Њујорк околу спорот за името меѓу преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис резултирал и со нов предлог од грчката страна, пишува весникот Дневник.
Како што пренесува агенцијката Макфакс, грчкиот преговарач Василакис овој пат го предложил името „Славјанско-албанска Македонија“, а во однос на грчките позиции, тој на Јолевски му порачал дека Атина останува на веќе познатите црвени линии и барањето за ерга омнес име со сложена географска одредница.
„Веројатно за да не остане дека Грција сепак за толку време не можела да биде поконкретна, Василакис предложил, според Атина прифатлива опција, која би ни ги отворила сите врати на рајот.
Според него, тоа би било името „Славјанско-албанска Македонија”. Кога на ова ќе се додаде инсистирањето за ерга омнес примена на името се заокружува целата слика”, се вели во текстот на Дневник.




