Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција ќе се грижи за безбедноста на македонското небо – цената е стабилност на регионот

0
By Нова ТВ on April 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2019 17:28

Стабилноста на регионот е цената што треба да и ја плати Северна Македонија на Грција за надзорот на безбедноста на македонскиот воздушен простор, кој согласно она што беше договорено на денешниот состанот на Високиот совет за соработка, ќе го прави Атина за Скопје.

Имено денеска во рамки на состанокот на Советот, беа потпишани повеќе меморандуми за соработка, а еден од нив и меѓу министерствата за одбрана, согласно кој Грција ќе врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над Северна Македонија.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека согласно меморандумот Грција ќе и помага на Северна Македонија во зајакнување на одбранбените способности на армијата, обуки, одбранбената индустрија, кибер одбраната и во военото разузнавање.

-Надоместот за тоа е стабилноста во нашиот регион, тоа сакаме да го добиеме за возврат. Сакаме сосед што е политички стабилен, но стабилен и од аспект на безбедноста. Само кога ќе имаме стабилен и безбеден сосед, тогаш ќе се чувствуваме безбедно, рече Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање дали без или со надомест ќе врши надзор на безбедноста на нашиот воздушен простор.

Напомена дека Грција има врвни вештини и знаења во во однос сферата на воздухопловството, земјата, како што рече е една од најразвиените во Источна Европа и има капацитет да ја поддржи Северна Македонија.

Соработката, додаде тој, не е само во сферата на военото воздухопловство, интересот е да се зајакне и соработката во цивилното воздухопловство.

Најави обука на граѓани на Северна Македонија, техничка поддршка преку врвни технологии и радарот во Солун.

-Ова е начинот на кој ќе обезбедиме важна поддршка и во полето на безбедноста  на летовите и воопшто на воздухопловството. Ова е важно бидејќи со тоа се спречуваат незаконски активности, се спречуваат несреќи и се гарантират безбедни комуникации. За нашата услуга нема да има надомест, рече Ципрас и додаде дека еднаш засекогаш треба да се стави крај на праксата кога порано грчките пилоти поради спорот со заобиколуваме македонскиот воздушен простор.

На новинарско прашање што доколку опозициите во двете земји победат на избори и го поништат овој договор, но и Преспанскиот воопшто Заев и Ципрас оптимисти дека тоа нема да се случи толку брзо и оти имаат намера тие да победат на следните избори во нивните земји, но и дека двете опозициите со текот на времето ќе ги сфатат придобивките од Договорот, зад кој застана меѓународната заедница.

Заев напомена дека земјава е природно да воспоставува воена соработка со соседите.

-Со Бугарија имаме соработка во областа на тенковите и тренизните, со Турција имаме во областа на едукацијата, а со Грција е договорено да го покрива нашето небо, обезбедувајќи ја сигурноста и стабилноста, рече тој и додаде дека не верува оти некој во иднина би се откажал од ваков договор, бидејќи тој е во интерес на регионот, но и на НАТО Алијансата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.