Published: Tuesday, October 29, 2013 12:51
На одбележувањето на својот 69 роденден Редакцијата на весникот „Нова Македонија‘‘ вчера им додели признанија за истражувачко новинарство на тројца свои новинари- Томислав Кежаровски, Антонија Поповска Христов и Наташа Бошковска Златкова, чии текстови предизвикаа голем интерес во јавноста и ги поттикнаа надлежните институциите да реагираат или да ги корегираат своите претходни одлуки.
Новинарот Кежаровски наградата ја доби за текстовите за истражувањето на причините за трагичната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, репортажата за албанското село Лазарат и за нелегалното издавање рецепти за метадонска терапија.
Во него име признанието го прими неговата сопруга Марина Кежаровска.
Фотографија: Маја Јаневска Илиева




