Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Дојде време да си го земеме она што ни го земаа пред пет години

0
By Нова ТВ on April 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2019 21:55

Полна сала, полно срце. Сите ова го чекавме пет години. Дојде време да си го земеме она што ни го земаа тогаш – огромна победа за сите нас, за нашата држава, за нашето заедичко утре. Со овие зборови  претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ја почна вечерашната конвенција во Скопје.

-Немам намера ниту една секунда да трошам на тоа што опозицијата нуди на овие избори, зашто не нуди ништо. Само сакам да порачам дека не смееме да се коцкаме со иднината на земјата и да ставиме под ризик се што успеавме да постигнеме. Да му дадеме легитимитет на патот што го одиме овие две години, да не се занесуваме дека некој може да не внесе во ЕУ и НАТО ако го поништи Преспанскиот договор или Законот за јазици. Тоа е пропаганда што не ни носи добро ни како на луѓе, ни како на држава, истакна Пендаровски пред присутните во СРЦ „Борис Трајковски“.

Според него, главниот слоган на Шарената револуција „Нема правда, нема мир“, не смее да се заборави. Напротив, тоа, како што рече Пендаровски, ќе биде и негов принцип како иден претседател.

Конвенцијата почна со интонирање на македонската химна во изведба на Весна Гиновска Илкова, а ја следеа сите присутни во салата.

-Пред некој ден ни тврдеа дека намерно не сме ја пуштиле химната зашто сме потпишале договор што тоа го забранува. Тоа никогаш не било точно, ниту некогаш ќе биде точно. Сега ќе им покажеме на сите што не веруваат, дека цело време работиме за Македонија, потенцира претходно Пендаровски.

Во „Борис Трајковски“ беа и премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, градоначалници, членови и симпатизери на СДСМ. Освен Заев, обраќање имаше и поранешниот претседателски кандидат Имер Слемани кого Пендаровски го најави како „првиот македонски Барак Обама“. – Стево е идниот шеф на државата и наша најдобра инвестиција зашто од него извира кристално јасната визија за заедничка Македонија: силна правна држава, економски развиена, безбедна и интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Селмани.

Потсетувајќи дека солидарноста е еден од носечките столбови на изборната програма и негова лична заложба, Пендаровски пред пристуните на конвенцијата ги претстави и танчарите со даунов синдром од групата „Денсерс јунајтед“ кои се подготвуваат за ново светско првенство. Тој со својот тим донираше за групата, а кутии за донации беа поставени на сите влезови на СРЦ „Борис Трајковски“.

Под мотото „Заедно напред“, Пендаровски на први април ја почна кампањата од Прилеп. Досега беше во скопските општини Аеродром, Центар, Сопиште и Студеничани, а утре, по средбите со граѓаните на Чашка, Лозово и Свети Николе, ќе одржи централен митинг во Велес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.