Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Немаме право да се откажеме од СЈО-во најтешкото беше надеж за правна држава

0
By Нова ТВ on April 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2019 23:51

Не само законски, туку треба да направиме реформи и во нашите глави, посебно кога станува збор за правосудството. Треба европски да се однесуваме, не ни треба веќе клиентелизам. Тоа време заврши. Пресуди треба да се носат само врз основа на докази, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на 1ТВ, прашан за различните ставови на власта и опозицијата околу донесувањето на законот за СЈО.

Заев за законот сепак очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но и од ДУИ. Верува дека како што успеал со соседите, така ќе успее и дома. Во тек се, рече, преговорите, има средби министерката за правда со првите претставници на ВМРО-ДПМНЕ. За суштината, според него, треба да се зборува со аргументи.

-Постигнавме навидум невозможни работи. Верувам дека и ова ќе го постигнеме. Без таа работа не биваат преговори и обврска е на сите. Мора да бидеме одговорни. Катица Јанева и нејзиниот тим во најтешкото време беа искрата надеж за враќање на правната држава и на добар пат сме. Ако се откажам од нешто што е вредно и принципиелно, тоа ќе зборува за мене. СЈО е независно јавно обвинителство кое ја заврши работата и сега продолжува понатаму. Немаме право да се откажеме од него, зашто ќе го унитшиме и другиот дел од јавното обвинителство во државата, рече премиерот.

Нагласувајќи дека не е приврзаник на притворите, укажа дека секого ќе го стигне законот, зашто материјалните докази останаа иако поминаа првично договорените 18 месеци на СЈО.

Заев рече дека последен пат се видел со Мицкоски на тв-дуелот, а претходно во Владата кога зборувале за претседателските избори и за СЈО.

-Тогаш го отворив и прашањето за помирувањето. Нашите кабинети комуницираат за да ги координираме преговарачките тимови. Даваме шанса, немам проблем со антагонизмот. Немам ниту лоша мисла. Успеав со соседите со таква политика, верувам дека и дома ќе успеам. Треба заедно да сработиме многу работи, но да се откажеме од минатото што го имаше ВМРО-ДПМНЕ. И вечерва на конвенцијата на Пендаровски реков дека би работел со Мицкоски, но ако се откаже од политиките што неговата партија ги водеше во претходните 11 години, подвлече Заев.

Во однос на преговорите со ЕУ, премиерот изрази уверување дека е можно во јуни да добиеме датум за почеток. Европа е, нагласи, должна да испорача, како што испрачавме ние со името Република Северна Македонија.

-Покажавме европски манири, а и дома сме успешни во делот на реформите. До сега се сме исполниле. Останаа уште законот за СЈО и за јавни обвинители. За вториот лесно ќе се договориме, рече Заев.

Во врска со надворешната политика, потсети дека Руската Федерација го прифати новото име на нашата држава, а коректни му се и односите со Вучиќ. За денешната посета, пак, на турскиот министер за одбрана рече дека била закажана пред да биде потврдено доаѓањето на Ципрас.

Го повтори и ставот околу македонската химна. Не се свирела вчера зашто доцнел авионот на Ципрас. Скратени биле и голем дел од официјалностите само за да има повеќе време и да се добие на тет-а-тет средбата, меѓувладината средба и средбата на бизнис делегациите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.