Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Долниот дом на британскиот Парламент усвои предлог закон: Нема Брегзит без договор

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ВЕСТИ
Фото: АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 08:25

Долниот дом на британскиот Парламент усвои предлог-закон, кој гарантира дека земјата не може да излезе од ЕУ без договор.

Пратениците го усвоија предлог-законот со само еден глас разлика, односно 313 гласаа „за“, а 312 беа „против“.

Британија има само осум дена до 12 април да го усвои договорот за Брегзит и да излезе со нов план, или да ја напушти ЕУ без договор, што ќе предизвика огромни пречки и последици за граѓаните и компаниите во таа земја, но и во Унијата.

Предлог-законот треба да го усвои уште Горниот дом на Парламентот, што е многу веројатно. Со овој закон не се обврзува ЕУ да се согласи на одложување на Брегзит.

Британската премиерка Тереза Меј вчера разговараше со лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин, за да се најде излез од ќорсокакот во кој западна Брегзит. Како што соопштија од нејзиниот Кабинет и двете страни покажале високо ниво на флексибилност.

– Денешните разговори беа конструктивни, а двете страни покажаа флексибилност и посветеност да се заврши моменталната неизвесност околу Брегзит, изјави портпаролот по состанокот, додавајќи дека е „постигнат договор околу програма за натамошна работа со цел да се обезбедат работни места и да се осигура безбедноста на британските граѓани“.

Откако трипати не успеа да добие поддршка од Парламентот за нејзиниот договор со ЕУ, Меј најави дека повторно ќе бара одложување на Брегзит и дека ќе разговара со Корбин за да најдат компромис.

Корбин се согласи на состанок, истакнувајќи дека царинската унија и работничките права треба да бидат приоритет. Тој претходно жестоко ја критикуваше Меј и во неколку наврати ја повика да поднесе оставка.

Коментирајќи ја ситуацијата во Британија, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека до последен момент ќе се труди да обезбеди уреден Брегзит, но пред се Велика Британија треба да најде решение.

Според Меркел, спречувањето на хаотичен Брегзит, без договор со ЕУ, е во интерес на Велика Британија, но и во интерес на Унијата.

– Решенијата мора да се пронајдат во Велика Британија. Се прават интензивни напори, но може да се забележи дека има различни идеи, истакна Меркел по состанокот со регионалните функционери во источниот дел на Германија.

Европската комисија вчера соопшти дека, како што сега стојат работите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ.

– Општиот впечаток за сценарио „без договор“ не може да се ублажи. Подготовките продолжуваат во земјите членки со поддршка од страна на Комисијата, а многу е важно да се обезбеди националните царински инфраструктури и логистика да бидат подготвени за такво сценарио, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.

Комисијата посочува дека ЕУ жали поради решението на Велика Британија да го напушти блокот, но дека ја почитува таквата одлука, додавајќи дека Брегзит никогаш не бил избор на Унијата, како и дека британското истапување без договор не е сценарио што го поддржува Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.