Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Никогаш веќе нема да одиме сами, со нас ќе бидат 29 сојузници

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 15:41

– Силни сме колку што ни е силна армијата и економијата и колку што ни се силни демократските институции. Но, силни сме и толку колку што имаме пријатели! Никогаш веќе нема да одиме сами. Со нас ќе бидат 29 НАТО сојузници – еден за сите, сите за еден!, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на настанот „NATO Engages: The Alliance at 70”,  што вчера и денеска се одржува во Вашингтон, по повод 70 годишнината од формирањето на НАТО.

-Јас, всушност, ја потпишав декларацијата од Вилнус во 2000 г. и ние сме последната земја што конечно ќе стане членка. Ова одамна требаше да се случи. Тогаш ветивме дека солидарно ќе си помагаме, да ја направиме Европа цела и слободна и мислам дека конечно сме блиску до таа линија на сигурност. За нас ова во суштина е една од двете најголеми стратешки цели од нашата независност во 1991 г. Во 1993 г., Парламентот консензуално одлучи дека би сакале да станеме дел од Алијансата. 84% од нашето јавно мислење ја поддржува оваа стратешка насока, па, навистина е посебно чувството што по сите овие години… Пред сè, ова е незавршена работа, а добро е кога работите ќе се завршат и се чувствувам привилегирано што имав удел во осигурувањето дека наредната генерација ќе има посигурна, постабилна, попредвидлива држава, рече Димитров.

https://www.youtube.com/watch?v=vXWN7VDwRAE

-Како што кажав, ова е за нашиот народ и навреден сум кога некоја држава или некој аналитичар ќе каже дека спроведуваме туѓа агенда. Ова е за да ја направиме нашата држава постабилна во друштво на земји што се грижат за индивидуални слободи, за владеењето на правото и за демократските институции. И тоа се подразбира под сила – колку се демократски и колку се функционални контролите врз власта и институциите, колку е независен судскиот систем и колку се слободни медиумите. Ова го правиме за нас, имаме целосна поддршка од нашиот народ. 84% од граѓаните ја поддржуваат нашата одлука да станеме членка на НАТО и иако во 2008 г., на пример, ова не беше проблем за Москва, не е тајна дека од Москва постојано доаѓаат соопштенија и изјави против договорот и секакви критики. Јас отворено им одговарам – ова го зборувам јавно, но и зад сцената – ова е добро за стабилноста на регионот, одлуката е наша, и кога-тогаш, ова е прашање на лидерство и време, мора да разговараме. И ние – Алијансата – како наредна 30-та земја членка се надевам дека ќе го имам тоа право до декември оваа година, да зборувам и во име на Алијансата – и ова разбирање ќе треба да се заснова врз некои важни принципи на меѓународното право, но треба да се ангажираме, па дури и да не го подобриме односот, сепак треба да разговараме. Знаеме каде одиме, ја знаеме насоката, се движиме во таа насока и тоа е добро. Стабилноста е добра за Балканот, добра за Европа и ќе продолжиме да ги убедуваме сите дека ова е нешто добро, рече Димитров во настапот.

– Светот, нашиот свет, станува помал и меѓусебно поврзан и бара поголемо заедничко дејствување; одговорноста е заедничка на сите овие фронтови – основните причини – и не можеме да си дозволиме да не се справиме со проблемите. Мора да се соочиме со проблемите, да инвестираме ако треба да се инвестира во поголеми трошоци за одбраната, бидејќи ни треба сила за да имаме мир, и да дејствуваме. Сега имаме големо искуство во чекање. Поминавме 18 МEP циклуси како земја во подготовки и мислам дека добивањето на членството нема да го земеме здраво за готово. А вистинската цел не е да станеме членка, вистинската цел е да станеме земја што е силна, има функционални демократски институции, која е сигурен, предвидлив партнер, за Атина, Вашингтон, Берлин, да можат да се обратат кон нас и да кажат: „Потребни сте ни овде, таму, во регионот, надвор од регионот“. Па мислам дека ова е целта, а не формалното. Но, ќе биде добро да добиеме и некои придобивки од членството, сепак, процесот е двонасочен, порача Димитров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.