Published: Tuesday, October 29, 2013 15:07
„За ДУИ се неприфатливи имиња како „Славомакедонија, Етничка Македонија и ПЈРМ“ или слично, а се друго што ќе прифатат македонските партии е прифатливо“, изјави за НОВА портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прашањето по објавата на весникoт Дневник дека на последните разговори во Њујорк околу спорот за името преговарачот Адамантиос Василакис предложил име „Славјанско-албанска Македонија“.
„Се додека не добиме официјална информација веста ќе ја третираме како шпекулација и нема да ја коментираме“, дециден е Османи.




