Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Стотици мигранти од кампот во Солун се судрија со полицијата на границата

0
By Нова ТВ on April 5, 2019 ВЕСТИ
Фото: Aftodioikisi
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2019 12:58

Околу 1.200 мигранти се наоѓаат во Грција во близина на нашата граница, и околу 500 во близината на Солун, а има информации за судири со грчката полиција. Состојбата во овој момент е под контрола, изјави денеска Сашко Коцев, директор на МАРРИ Регионалниот центар за азил, бегалци и миграција, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен нов мигрантски бран во блиска иднина со оглед на случувањата на границата со Грција.

Како што објавија грчките медуми полицијата употребила солзавец за да ги спречи мигрантите кои утринава го напуштија бегалскиот камп во Солун и се упатија кон границата со Македонија. Полициски службеници се обидуваат да ги присилат мигрантите да се вратат во кампот. Во близина на границата се поставени и шатори каде се населиле мигрантите, информираат грчките медиумите.

Тие бараат да им се дозволи да ја преминат границата, за да го продолжат својот пат кон Германија. Мигрантите фрлаат со камења кон полицајците и се обидуваат да го пробијат кордонот, додека полицијата возвраќа со солзавец и шок бомби.

Мигрантите изјавиле дека одговараат на анонимен повик на социјалните мрежи да стигнат до грчката граница со Македонија, оддалечена 60 километри, и да се обидат да ја пробијат оваа граница, а потоа повторно да тргнат по мигрантската балканска рута, која беше цврсто затворена во 2016 година.

Нема опасност да се повтори мигрантската криза од 2015

– Прво, државите се многу поподготвени сега, постои голема поддршка од ЕУ во справувањето со мигрантската криза, а на нашата јужна граница кон Грција патролираат полицајци од повеќе европски држави заедно со македонската гранична полиција. За разлика од 2015 година Северна Македонија и целиот регион е далеку подобро подготвен за соодветен одговор доколку се појави зголемен број мигранти, нагласи Коцев од МАРРИ Регионалниот центар, додавајќи дека не очекува да се повтори сосотојбата со мигрантите од 2015 година.

Во однос на зголемување на бројот мигранти кои се собираат во камповите во Грција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека секојдневно разменуваат информации со грчките колеги.

Според Спасовски, ова поголемо собирање во камповите во Грција е од вчера, по што преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Северна Македонија.

– Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија, изјави Спасовски.

Спасовски наведе дека е зголемен трендот за илегален влез на јужната граница. Но, посочува, ако се  погледнат бројките за тоа колку мигранти се вратени кои сакале илегално да преминат, таа бројка во 2018 година е околу 16.900.

– Тоа покажува дека имаме зголемен тренд, меѓутоа и оти имаме добра заштита на границата заедно со колегите од другите полициски служби кои работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница. Сепак, најголемиот дел од мигрантите преминуваат по друга рута, а оваа преку нашата земја и Србија, т.н Западнобалканска рута не функционира во овој момент, рече министерот Спасовски.

Еден од предизвиците сега и ќе опстојува понатаму, нагласи тој, е миграцијата и не е исклучено и понатаму да имаме број на мигранти кои би сакале да профункционраат некои од другите рутите. Спасовски посочи дека мигрантите подолго време не поминуваат низ т.н. Западнобалканска рута, туку одат преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина или Албанија и Италија и понатаму во Еворпа. Потсети дека МВР соработува со ФРОНТЕКС, со државите од регионот, но и со ЕУ. Затоа, беше дециден Спасовски, подготвени сме да одговориме на секој предизвик.

– Засега не постои загриженост кој може да ја наруши безбедноста во целиот овој регион, посебно заради случувањата на северот на Косово. Очекувам дека преку дијалог ќе можат да се надминат тие недоразбирања што се познати помеѓу Косово и Србија, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за безбедноста во регионот во контекст на последните случувања на северот на Косово.

ЕУ ја следи ситуацијата

Европската Комисија одблиску ги следи случувањата во северниот дел на Грција со групата бегалци и мигранти кои се упатиле кон Солун и наводно се обиделе да пробијат полициски кордон и да се упатат кон Северна Македонија, јави МИА од Брисел.

– Ги следиме одблиску случувањата и во постојан контакт сме со надлежните грчки власти и агенциите на ЕУ, изјави портпаролката на ЕК, Тове Ернст.

Според информациите објавени во медиумите, околу петстотини бегалци, пред сѐ жени и деца, вчера се упатиле кон Солун поради лажна вест според која границата кон балканската рута ќе се отвори.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, исто така е во контакт со властите во Грција, нагласија од Европската Комисија.

– Добивме уверување од грчките власти дека тие се мобилизирани за избегнување на нерегуларни движења, ќе продолжиме да вршиме мониторинг во текот на денот, изјави Ернст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.