Published: Wednesday, October 30, 2013 08:51
Собранието денеска треба да ја одржи 75. седница на чиј дневен ред e предлог – одлуката за распишување оглас за избор на претседател на Државната изборна комисија.
Огласот ќе трае осум дена, а новиот претседател на ДИК се очекува официјално да биде познат по изменување на роковите. Предлогот за прв човек на највисокото изборно тело треба да дојде од најголемата опозициска партија СДСМ.
Борис Кондарко во својата оставка наведе дека од функцијата претседател на ДИК се повлекува од лични причини.




