Министерот за евроинтеграции на Република Македонија, Фатмир Бесими на денешната дебата на тема „Дијалог на пристапниот дијалог“ во организација на Институтот за европска политика во врска со името истакна дека постои процес во ОН, а тука е и Брисел но, за разлика од Косово и Србија во нашиот случај се работи за земја-кандидат и земја-членка и поради тоа процесот е различен.
Инструментите на ЕУ не се исти, според Бесими, а начинот да се помогне е „да се работи билатерално со земјите членки, да се има висок дијалог и да се интензивира комуникација“.
Бесими смета дека оваа рамка од ОН треба да се стави во временската рамка на ЕУ тоа е сигналот што тој го добил. Како и тоа да се има поголема посветеност на Македонија и на ЕУ за да се истера таа рамка во нашиот случај.
„Три важни точки се многу битни после извештајот, истакна Бесими: да се реализираат заклучоците од Анкетната комисија за случувањата на 24 декември, дијалогот со новинарите и добрососедските односи со Бугарија и Грција.“
„Ова мораме да го направиме бидејќи имаме дефинирана цел и немаме алтернатива. Тие предизвици треба да се надминат“, дециден беше денеска министерот за евроинтеграции на Република Македонија, Фатмир Бесими.