Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на Ромите: Еднакви права и достоинствен живот за сите

0
By Нова ТВ on April 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2019 14:52

Потребно е силно ангажирање од сите чинители за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата. Еднакви права и достоинствен живот за сите, е единствениот пат за една успешна заедничка земја. За тоа не се доволни само конференции и проекти, туку и делување за градење вистинско инклузивно општество.

Ова беше истакнато денеска настанот во Собранието на Северна Македонија по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“. 

– Владата има силна политичка волја за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата и ќе се ангажира и натаму за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на Ромите со сите други етнички заедници во земјата. Толеранцијата е најважен услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи во концептот едно општество за сите, атолернцијата и солидарноста се наша заедничка вредност, изјави во обраќањето премиерот Зоран Заев.

Истакна дека денеска празнуваме и славиме една уникатна традиција, верувања и култура, како значајна вредност на светското, но и на македонското културно наследство.

Потсети дека Првиот светски конгрес на Ромите одржан на 8 април 1990 година, е еден од најважните историски датуми за ромската заедница, кога Ромите добија своја химна, и азбука и се изборија за загарнтирано право да бидат еднакви во општествата и да ги уживаат сите права без дискриминација.

– Владата работи со најранливите категории лица кои се соочуваат со најсензитивни проблеми и потреби. МТСП продолжува со имплементирање на проектите кои се препознатливи за ромската заедница и се во насока на вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Посебно внимание посветивме на вклучувањето на невработените Роми во активните мерки за вработување. Идентификување на лицата во матичните книги на родени и помош при обезбедување лични документи, времено згрижување на семејствата кои се во социјален ризик, рече Заев.

Посочи дека од една од најзначајните политики на МТСП е опбезбедување бесплатен престој на ромските дечиња во детските градинки, како грижа за раниот детски развој, со која во текот на учебната 2018-2019 година во рамки на оваа мерка во градинките бесплатно се опфатени 450 деца на возраст од три до шест години.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека Ромите се веројатно најголемата група граѓани на светот присутни секаде, но веројатно никаде доволно заштитени и прифатени.

– Повеќе од илјада години Ромите и нивното културно наследство се составен дел на европската култура, и затоа денес со право претставуваат конститутивен дел на ЕУ, каде рамноправноста и заштитата на Ромите имаат посебен третман, истакна Османи.

Според вицепремиерот, се проценува дека на европскиот континент популацијата на Роми брои десет милиони жители, од кои проближно шест милиои живеат во ЕУ, а околу четири милиони во земјите од регионот на ЈИЕ.

– Како мултиетничко општество, Северна Македонија со имплементација на Охридскиот рамковен договор, вклучи механизми со кои на Ромите им се обезбедува и образование, и фер правична застапеност но и сите останати механизми за заштита на нивните права и унапредување на нивната рамноправност во општеството. Тоа за Ромите претставува можност, а за нас останатите предизвик да создадеме услови Ромите да ја чувствуваат земјава како матична земја што се грижи за нивните права насекаде, заклучи Османи.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, истакна дека Европската унија знае дека има голема дискриминација и потешкотии со кои се соочуваат самите Роми во нивниот социјален живот и оти во повеќето држави има програми со европски фондови кои се осврнуваат на ваквото прашање.

– Потребно е многу повеќе да се направи за Ромите освен финансирање и конференции организирани од ЕУ, потребно е делување од сите држави, како и од членките така и од кандидатките, за да се избегне самата дискриминација и да се искоренат предрасудите, подвлече Жбогар.

Надир Реџепи, извршниот директор на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), рече дека како и за дригите народи и за Ромите, еманципацијата и себееманципирањето заземаат централно место во процесот на дефинирање на колективните планови.

Според него, образованието е едно од најважните инструменти во процесот на себееманципирање, и како таков е важно во ослобоувањето од стегите на општествената  стигма.

Силхан Сеитов од Здружеието на граѓани „Ромаверзитас“ рече дека годинава промовираат едно оштество за сите, но со еднаква вклученост и на ромската заедница, вклученост во креирањето и спроведувањето на политиките подеднакво за сите, состојбите во ромскиот јазик, политиките за вработување на Ромите во јавниот сектор, институциите…

Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.