Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовски: Најавите за отворање на Преспанскиот договор се предизборни манипулации

0
By Нова ТВ on April 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2019 15:16

Ако до јуни ги исполниме критериумите околу законот за јавното обвинителство, со кој се регулира и статусот на СЈО, изборот на нови судии, решавање на одредени случаи, реално е да очекуваме дека ќе добиеме датум за преговори со Европската унија.

Ова го истакна денеска првиот амбасадор во Грција, Љупчо Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали за него е реално да добиеме датум на Советот на ЕУ во јуни или пак поголема е веројатноста дека тоа би се случило во октомври.

-Ако сме чекале 30 години, за мене не е страшно тоа да биде и во октомври, рече Арсовски и додаде дека смета оти сега ова ќе биде тема за партиски препукувања и уценувања во кампањата за претседателските избори, со желба да се добијат повеќе гласови.

-Ние мора професионално да работиме во однос на исполнување на критериумите. Ако до јуни ги исполниме критериумите околу СЈО, нови судии, одредени случаи датумот не ни бега, рече поранешниот амбасадор денеска по основачко собрание на здружението „Совет на амбасадори“, кое претставуваа независно непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни министри за надворешни работи.

Вели дека него оптимизмот за почеток на преговори со ЕУ никогаш не го напуштил, но додаде дека предвид треба да се имаат и одредени тајминзи во самата Унија. Во ЕУ во мај се одржуваат избори за нов состав на Европскиот парламент, што како што посочи Арсовски, ќе доведе до промени и во европскиот кадар.

-Очекувам позитивен факт, меѓутоа еве и ние се наоѓаме во изборна кампања за претседател, каде се спомнуваат различни работи. Ќе ни поминат и април и мај, а ние треба да ги сработиме критериумите кои Европа ги бара. Тоа се медиумите, судството, институциите кои се преоптоварија со партиски вработувања, мора да дојде до израз квалитетот. Кога одите во Брисел не ве прашуваат од која партија сте, туку ве прашуваат дали сте ја завршиле домашната задача, нагласи поранешниот амбасадор.

Во врска со тоа дали Договорот од Преспа е реверзибилен, со оглед на  најавите на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, која најави и уставна клаузула за заштита на името, Арсовски нагласи дека смета оти тоа се само предизборни манипулации.

– Многу е тешко еден процес да вратите назад. Освоената планина еднаш сте ја освоиле и вие сте таму на планината. Кога ќе го освоите Монт Еверест, тоа никој не може да ви го оспори. Се работи за одлука на народот, ако некогаш народите одлучат нешто друго тоа е друга работа. Мислам дека е залудно и смешно квалитетни луѓе да презетнираат такви форми на популистичко приближување до народот дека ние повторно ќе го смениме името и ќе го вратите и ќе го поништиме. Тоа така не оди во меѓународните односи, појасни дипломатот.

На прашањето дали предзвик за новоформираниот Совет ќе биде Турција, односно своевидно барање на листа на членови на ФЕТО, во замена за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од турска страна, Арсовски рече дека земјава се сочувала со вакви слични ситуации и со други соседи.

-Но одредени земји кога притискаат помала земја постојат и друг тип механизми и во НАТО и од другите држави, кои можат да ја притиснат дотичната земја, без разлика дали станува збор за Грција,  Турција, Бугарија…Се работи за односот за дигнитет на една земја и мешање во внатрешните работи на земјата, додаде амбасадорот Арсовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.