Дипломатските напори на ПЈРМ да и се обезбеди датум за старт на преговорите треба да бидат подржани но постои опаснот дека во земјата е создадена атмосфера на притисоци и страв, изјави Ричар Ховит по неговата тридневна посета на Македонија.
Ховит преупреди дека за да се обезбеди датум за преговри потребно е да се убедат повеќе од две земји членки на ЕУ кај кои постои загриженост за сотојбите во Македонија.
Ховит во оваа прилика повика до декември да се направат напори Македонија да покаже конкретни резултати во подобрувањето на состојбите.
Известувачот на ЕП за Македонија за таа цел предложи три работи:
– Да се направи што поголем прогрес во имплеметацијата на мартовскиот договор и да се обезбеди полтички дијалог меѓувласта и опозицијата во духот на Меморадумот за европските инееграции.
Во овој конкекст Ховит ја нагласи како што рече неговата загриженост поради кредибилните извештаи за притисокот кој државните институции го вршат врз Општина Центар.
– Како втора точка Ховит ја истакна потребата до декември да се направи прогрес во подобрувањето на бугарско – македонските односи.
– Третат точка од неговата сугестија за акција е слободата на медиумите. Ховит смета дека е потребно да се покажат конкретни резултати во подобрување на слободата на медиумите. Тој потецира дека постои, како што вели голема опасност овие напори да се поткопаат доколку биде донесен законот за медиуми без широка подрќка од сите релеванти фактори во областа. ЗНМ според Ховит не терба да биде единствениот глас на новинарите но исто така тој смета дека не смее да се доведува во прашање легитимитетот на ЗНМ.
Ховит во контекст на слободата на медиумите зборуваше и за случајот Кежаровски. Тој ја изрази својата загриженост за одредени елементи, како што рече, во случајот на Кежаровски јасно нагласувајќи дека постојат сомнежи за тоа дека одлуката да се покрене обинение е полтички мотивирана.
Во текот на денот на нашиот сајт ќе биде презетирана интегралната изјава на Ричард Ховит.




