Името „Славјанско-албанска Македонија“ било спомнато за време на последната посета на Нимиц на Атина, при разговорот со министерот Венизелос, пред се за да се објасни комплексноста на проблемот, а не како конкеретен предлог.
МИА го пренесува МИА пишувањето грчкиот весник „Етнос“ во кусиот коментар под наслов „Краток спој“ за пишувањата на македонските медиуми дека Василакис предложил нашата земја да се вика „Славјанско-албанска Македонија“.
Речиси сите грчки гласила денеска јавија за информацијата на македонскиот весник „Дневник“ која ја пренесоа сите македонски медиуми, но освен „Етнос“, без коментари и подетално објаснување.
Се уште нема никаква реакција од грчкото МНР за последната рунда преговори во Њујорк, а со тоа ниту потврда ниту демант за наводниот предлог на грчката страна.
„За ДУИ се неприфатливи имиња како „Славомакедонија, Етничка Македонија и ПЈРМ“ или слично, а се друго што ќе прифатат македонските партии е прифатливо“, изјави вчера за НОВА портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прашањето по објавата на весникoт Дневник дека на последните разговори во Њујорк околу спорот за името преговарачот Адамантиос Василакис предложил име „Славјанско-албанска Македонија“.
„Се додека не добиме официјална информација веста ќе ја третираме како шпекулација и нема да ја коментираме“, дециден беше Османи.




