Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Праисторијата, антиката и средниот век пред македонските и бугарските експерти

0
By Нова ТВ on April 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 10, 2019 08:24

Праисторијата, антиката и средниот век се историските периоди за кои денеска и утре  во Софија ќе разговараат членовите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија.

Тие ќе се обидат да најдат заедничко прифатливо решение за меѓусебните забелешки што ги имаат за учебниците и во едната и во другата земја за овие историски периоди, да ги приближат ставовите и да илезат со одредени прелиминарни препораки, кои би можело во финална форма да бидат усвоени на следниот состанок на почетокот на јуни, а потоа и да бидат дадени како препораки до двете влади.

Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев, кој го предводи македонскиот тим историчари во разговорите со бугарската страна во изјава за МИА вели дека денеска и утре ќе бидат разгледани забелешките што ние ги имаме во однос на бугарските учебници за петто и шестто одделение и забелешките што ги има бугарската страна за македонските учебници за шестто и седмо одделение за споменатите историски периоди.

Двете страни веќе имаат разменето забелешки за овие периоди од историјата во однос на тоа како се претставени во учебниците во двете земји, а на состанокот во Софија ќе дискутираат за тие забелешки и ќе разменат идеи за подобрување на текстовите.

Како проблематично и за едната и за другата страна се јавува, како што појаснува Ѓоргиев, на пример картографското претставување на одредени територии во праисторијата, во антиката и средниот век.

-И во нашите и во бугарските учебници има рефлексија на 19-вековните и 20-вековните претстави на националните држави, кои се рефлектираат далеку во праисторијата, во антиката. Има национализација на одредени процеси во антиката, во средниот век, национализација во современа смисла од денешен аспект, давање на национален карактер на некои процеси кои се случувале пред 2000 години и повеќе. Идејата е да се избегне тоа за нешто што се случувало во далечното минато и да се тргнат навредливите теми, кои и едната и другата страна ги смета за навредливи и за несоодветни во учебниците по историја, со кои не треба да се воспитуваат идните генерации, истакна Ѓоргиев за МИА.

Нагласи дека на петтиот состанок се очекува да се усвојат прелиминарни препораки, кои доколку бидат усогласени на владите на двете земји би им биле доставени по следниот состанок, што се очекува да се одржи на почетокот на јуни.

Во текот на разговорите историчарите и експертите од двете земји настојуваат сите забелешки да бидат надминати од еден академски и професионален аспект, колку што е можно да се избегне политиката.

-Настојуваме решенијата да биде од академски аспект, тој да биде што е можно повеќе застапен, неминовно политичката димензија во овие комисии е присутна, тоа не можеме да го негираме, но и двете страни настојуваат што повеќе одлуките што го носиме, препораките што ќе им ги дадеме до владите, сите усогласени текстови, евентуалните заеднички чествувања да бидат изградени на академски основи, без можност потоа од политички аспект да бидат напаѓани, па дури и урнати, вели Ѓоргиев за МИА и додава дека во однос на ова постои апсолутна усогласеност од сите членови на Комисијата.

Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 2 август 2017 година. Работата на комисијата претставува дијалог во кој треба да се чујат гледиштата на двете страни, кои взаемно си укажуваат каде е потребно да има подетално и послоевито објаснување во учебниците по историја, а евентуалните препораки од комисијата се со единствена цел за подобрување на квалитетот на учебниците и регионалното помирување и разбирање, а не „бришење“ на националната историја. Толкувањето на историјата, како и пишувањето на учебниците по историја, секогаш ќе останат одговорност на самите истражувачи и автори.

Во своето работење Комисијата поаѓа од тоа дека не може да се игнорираме заедничката историја, ниту споделените истории, настани и личности и оти во историјата сите процеси, настани и личности не се исклучиви и ексклузивни. Тие не се одвивале на некој остров изолиран од развојот на други процеси и истории, напротив, процесите и историските развои се инклузивни и настануваат како резултат на преплетувања, вмрежувања, размени и контакти.

Ѓоргиев додава дека целта на ваквите комисии била, и се уште е, историчарите, најчесто од две земји, да работат на ревидирање на учебниците по историја коишто се употребуваат во наставата во конкретните држави, со цел да се елиминираат ставови и искази засновани на националистички и шовинистички предрасуди.

Комисијата има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот бугарски амбасадор во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.