Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Ќе го почитуваме Договор, ќе работиме на последиците

0
By Нова ТВ on April 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 10, 2019 12:03

Нова демократија ќе се придржува до Договорот од Преспа, а „ќе работи да ги подобри проблематичните последици, што се спротивни на интересот на земјата. Грција го задржува правото на вето во однос на европската перспектива на Скопје, вели лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Ројтерс, пренесува МИА.

-Нова демократија ќе се придржува до договорот штом е веќе ратификуван од грчкиот Парламент, но ќе работи за да ги подобри проблематичните последици што се спротивни на интересот на земјата, изјави претседателот на Нова демократија.

Како што соопштуваат од партијата, Мицотакис за Ројтерс кажал дека „Грција целосно го задржува правото да го блокира процесот на интеграција на соседната земја во ЕУ, ако смета дека не им служи на националните интереси“.

-Мислам дека не постои некој кој би очекувал дека Грција би се согласила да се отвораат и да се затвораат поглавјата кога постојат отворени прашања што не се регулирани од договорите, рекол претседателот на Нова демократија.

Договорот од Преспа и позициите на партијата била една од темите за кои Мицотакис ги информирал амбасадорите во Грција на земјите членки на ЕУ на вчерашниот работен ручек организиран од романскиот амбасадор, чија земја претседава со Унијата, јави МИА од Атина.

-Во однос на Договорот од Преспа, господинот Мицотакис повтори дека како Премиер ќе направи сé што може за да ги ублажи последиците. Ќе се фокусира на обезбедување на интересите на грчките компании кои го користат брендот „македонски“. Додека, пак, ја истакна важноста што ја придава за гарантирање на грчкиот карактер на македонската култура, соопштуваат од Нова демократија.

Во однос на овие ставови на Мицотакис пред амбасадорите на европските земји, реагираа од владејачката СИРИЗА, велејќи дека претседателот на Нова демократија „зад затворени врати го кажува она што нема храброст да го каже јавно“.

-Иако би очекувале господинот Мицотакис да излезе и да ги обвини владите на ЕУ кои ги претставуваат амбасадорите, затоа што ги „заменија“ пензиите со Договорот од Преспа, нѐ информираат дека се обврза дека „ќе ги ублажи последиците“, во однос на грчките компании кои го користат брендот „македонски“ и ќе се бори за гарантирање на грчкиот карактер на македонската култура. Како точно ќе го направи? Можеби ќе формира Комитет за трговските ознаки? Односно, ќе објави нешто што ќе се состави до 15 мај, соопштуваат од СИРИЗА и го повикуваат Мицотакис, ако има храброст, во Северна Грција да го каже „она што го кажува зад затворени врати пред амбасадорите на европските земји“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.