НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско-бугарски експертски разговори:Тешкотиите доаѓаат од стереотипите од минатото

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Софија денеска продолжуваат разговорите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија. Бугарската агенција Бгнес, повикувајќи се на изјава на копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров, објави дека двете страни постигнале согласност за чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

Фото: БГНЕС

Димитров изјавил дека е постигната согласност и за улогата на Бугарија во контекст на делото на светите солунски браќа, како и за зачувувањето и развојот на она што тие го правеле заедно со своите ученици.

Директорот на Институтот за национална инсторија Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари, оценува дека е постигнат сериозен напредок само за неколку месеци, посебно околу историските несогласувања меѓу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век.

– Ние само за шест-седум месеци успеавме на некои прашања од минатото да погледнеме од друг аспект, изјави Горѓиев и додаде дека тешкотиите доаѓаат од наметнатите стереотипи низ годините.

Според Ѓорѓиев, идните генерации ќе можат да гледаат на историските личности како на дел од вкупната цивилизација, а не тие да бидат поделени на, како што рече, такви или онакви. Тој информира дека биле разменети мислења со бугарската страна за прашања од античкиот и средновековниот период, кои според него, можат да бидат променети.

Димитров констатира дека успехот во Комисијата ќе биде постигнат тогаш кога „на воздржан начин ќе се каже историската вистина“. Тој нагласи дека несогласувањата се однесуваат на учебниците за основните училишта во Северна Македонија.

– Чекор напред може да се направи. Она за што разговараме, мора да оди на разгледување пред двете влади. Неопходна е политичка волја, што може да доведе до промена на учебниците и целокупната интерпретација на минатото. Се надевам дека свој придонес во тоа ќе дадат и медиумите во двете земји, нагласува Димитров. Смета дека и најделикатните прашања можат да бидат решени со обострана добра волја.

Бугарија, вели Димитров, сака добри односи со Северна Македонија и силно ги поддржува нејзините аспирации за евроталнатска интеграција.

На крајот од дводневната средба во Софија, Димитров и Ѓорѓиев на прес конференција ќе информираат за резултатите од разговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.