Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит одложен до 31 октомври

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2019 08:29

Лидерите на ЕУ на синоќешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа договор за одлагање на британското истапување од Унијата до 31 октомври, со дополнително разгледување на ваквата одлука на средбата на врвот во јуни, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тој информира дека и британската премиерка Тереза Меј се согласила со одлуката за одлагање на Брегзит за шест месеци.

– Земјите членки на ЕУ се согласија на флексибилно одлагање до 31 октомври. Тоа значи дека Обединетото Кралство добива дополнителни шест месеци за да најде најдобро возможно решение (за Брегзит), додаде Туск во објавата, потенцирајќи дека до пролонгираниот рок Лондон ќе може да осмисли своја стратегија за напуштање на Унијата.

Фото: ЕПА

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пак, соопшти дека лидерите на ЕУ ја донеле ваквата одлука за да спречат Брегзит без договор.

– Ќе имаме Брегзит со договор, нагласи Јункер.

Ирскиот премиер Лео Варадкар по завршувањето на Самитот информира дека Меј се согласила Велика Британија да учествува на изборите за Европскиот парламент, закажани за во мај.

– Ако не го стореше тоа, датумот за напуштање (на ЕУ) без договор ќе беше 1 јуни, додаде Варадкар.

Одлуката на лидерите на ЕУ следи по барањето на Меј од минатата недела за одлагање на Брегзит до 30 јуни.

Меј синоќа изјави дека и било тешко да побара ново одлагање на британското истапување од ЕУ, но дека сега Лондон добил јасен распоред за своите активности.

– Сега треба да забрзаме и да вложиме напори за постигнување консензус околу договорот (за Брегзит), бидејќи тоа е во наш национален интерес, изјави британската премиерка.

Меј нагласи дека нема да се преправа оти следните неколку недели ќе биде лесни и дека постои едноставен начин за излез од ќор-сокакот со усвојувањето на Договорот во британскиот Парламент.

Според Меј, доколку Долниот дом на британскиот Парламент го усвои Договорот за Брегзит најдоцна до 22 мај, тогаш Велика Британија нема да учествува на изборите за Европарламентот.

Фото: Гети

Таа нагласи и дека сака Велика Британија да ја напушти Унијата што поскоро, но само со Договор.

Дипломатски извори информираа дека повеќето лидери учесници на Самитот во Брисел, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел начелно ја прифатиле идејата за одлагање на британското напуштање на блокот за една година, додека францускиот претседател Емануел Макрон изнел цврст став против подолгорочно одлагање на Брегзит.

Извори од Елисејската палата соопштија дека ваков став немал само Макрон, туку и  други лидери се согласиле со него.

На претходниот Самит на ЕУ, одржан минатиот месец, лидерите на ЕУ решија дека доколку Парламентот во Лондон не го усвои Договорот за Брегзит, Велика Британија ќе мора да ја напушти Унијата в петок, на 12 април, на полноќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.