Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере: Разочарувачки е ЕК да попушти пред противниците на проширувањето

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2019 08:34

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере во изјава за МИА, вели дека е разочаран од компромисите што Европската Комисија ги прави со земјите противници на проширувањето и предупредува дека преговорите со земјава се тест за кредибилитетот на ЕУ.

Фуере смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, која беше насочена кон скептиците на проширувањето, претставува недобредојден компромис со нив, исто како и одлагањето на извештаите за напредокот.

-Разочарувачки е што Европската Комисија не ги почитуваше роковите за извештаите за напредокот, што требаше да се објават неделава. Мислам дека ова е стратешка грешка. Знаеме зошто го направија тоа, но што повеќе правите компромис толку повеќе креирате двосмисленост и толку повеќе ја играте играта на оние кои не сакаат повеќе проширување, смета екс-амбасадорот во земјава.

Тој смета дека ваквите изјави и потези не помагаат и дека Комисијата треба да се фокусира на тоа да и објасни на јавноста кои се бенефитите од проширувањето и се надева дека нема да има одлагање на одлуката за преговори во јуни.

-ЕУ се соочува со критичен предизвик, ако не ги донесе одлуките што очекуваме да ги донесе навистина ќе се поткопа кредибилитетот на заложбите на ЕУ кон проширувањето, убаво е да се каже дека не треба да се избрзува, но овие земји добиле ветување дека доколку ги започнат реформите, нивните напори ќе бидат наградени, и посебно во случајот со Северна Македонија и постигнувањето на Преспанскиот договор, ова треба да е доволно, вели Фуере за МИА.

Како и мнозинството дипломати во Брисел, тој смета дека СЈО треба да продолжи непречено да работи и е загрижен од можните ограничувања во неговата работа како резултат на компромисите со опозицијата.

-Загрижен сум кога го гледам бројот на компромисите што се прават во новиот закон за СЈО, бидејќи тоа оддава впечаток дека неговата улога може да биде поткопана, обвинителката треба да одигра критична улога за да донесе правда за злосторствата од минатото, да не заборавиме дека слоганот на оние кои водеа кампања за промени беше дека нема мир без правда, потсетува поранешниот ЕУ амбасадор во нашата земја.

Тој предупредува и дека дури и да нема преговори во јуни, Владата и сите главни чинители не смеат да се откажат од реформските напори и никој не смее тоа да го користи во политички цели.

-Најголемата слабост што ја имаше Македонија во претходните години беше недостатокот на политички консензус, посебно за надворешната политика и Владата на Заев ја покажа важноста на политичкиот консензус, дури и да нема одлука во јуни, и јас го разбирам разочарувањето кое ќе настапи во Македонија, тоа не смее да се интерпретира како оправдување за одлагање на реформите, нагласи Фуере за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.