Или демократијата ќе ги контролира парите или парите ќе ја контролираат демократијата.Како и да е, граѓаните нема да можете да ги излажете. Истражувањата покажуваат дека тие на партиите гледаат како на најкорумпирани субјекти.Кога се работи за ова прашање, не постои совршен систем ниту во Европа, ни надвор од неа.Очигледно е дека финансирањето е најслабата алка на изборите сегде, вели Марцин Валецки од ОБСЕ ОДИХР, на конференцијата што се одржа во пресрет на измените на изборното законодавство.
Од таму препорачуваат и да се нормира ограничување на донациите, да се воведе обврска за наведување на изворите, законски да се одреди улогата на медиумите и да се воспостават ефикасни механизми за контрола.
Проблем се и попустите кои некои медиумски куќи им ги даваат на партиите, а се водат како донација. Затоа , и давателот и примателот на донацијата треба да поднесуваат извештаи според кои ревизорите ќе можат полесно да утврдат која медиумска куќа колку пари донирала, а следствено на тоа и колку данок треба да плати,вели Дарко Алексов, извршен директор на “МОСТ“.
Проблемот со финасирањето на полтичките партии со години наназад се наведува како проблем во извештаите на ЕК.




