Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голоракиот самурај и борбата со белите мантили

0
By Менче Атанасова Точи on January 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2013 15:13

Што се случи со штрајкот на лекарите и што постигнаа со него? Како заврши целата работа, знае ли некој да каже? Го интересира ли некого воопшто тоа сега? Деновиве гледаме лекари од болницaта во Штип и “Св. Наум Охридски“ од Скопје како го изразуваат своето задоволство од придобивките на потпишаниот договор на гранковиот синдикат со министерот за здравство Никола Тодоров. Од милина да ги слушаш иако за воља на вистината меѓу нив не препознавме ниту еден од штрајкувачите. На скопските клиники пак, лекарите сеуште не земале плата која досега требаше да им биде исплатена и незнаат кога воопшто ќе ја земат декемвриската плата. Ситуацијата е статус кво бидејќи менаџерите се во шок, збунети незнаат што да прават и како да ги пресметуваат платите. Лекарите велат дека врз нив се врши притисок да потпишат дека штрајкувале за да земат 80 проценти од платата.

Прво, ноемвриската плата ја добија скратена поради штрајкот, сега нема најава кога ќе стигне декемвриската и колкава ќе биде таа. Ако студот не успеа да ги скрши за 42 дена на штрајк, можно ли е беспарицата да го направи тоа? Јануари сепак е долг месец, со многу празници. За штрајкувачкиот одбор потпишувањето на договорот меѓу гранковиот синдикат и Тодоров е преседан бидејќи првпат се случува колективен договор да задира во основната плата, а да се наградува и казнува по автоматизам. Тие велат дека не го прифаќаат ултиматумот од ресорниот министер и прашуваат како е возможно еден проект кој не ја доживел својата финална фаза да се стави во колективен договор. Значи лавината тргна, колективниот договор е тука, недостасува само основното, нема стадарди како треба да изгледа бодовникот за отценување на сработеното.

Од последната средба со Тодоров лекарите излегоа релативно задоволни од договореното, но велат дека министерот веднаш потоа се предомислил и ја променил одлуката. Нема да навлегувам во деталите, она што е важно, е дали тие се изиграни? Зошто во медиумите не ги слушнавме аргументите на двете, односно трите страни? Па, нели заслужи јавноста која будно ги следеше случувањата за време на штрајкот да ја дознае вистината? Кој доби, а кој изгуби?

Во моментот кога Тодоров го круниса својот успех и јавно се пофали дека преговорите завршиле на задоволство на сите страни, од синдикатот на клиниките стигна соопштение дека не постигнале согласност и дека она што го потпишал Тодоров со гранковиот синдикат не е во согласност со нивните барања. Но, никој не му обрна внимание на ова соопштение бидејќи немаше кој да каже за него во медиумите.

Се смирија страстите, некои лекари замолкнаа, други се повлекоа од штрајкувачкиот одбор оти нивниот приватен живот и бизнисот на нивните брачни партнери наводно станале предмет на јавен интерес. Така барем велат тие. И така голоракиот самурај со еден џиу-џитсу потез ги среди сите, но не во интерес за секого. Вештината во борбата за да се совлада непријателот позната како „попустлива “ во случајот на овој самурај очигледно не важи. Важно е да има завршница, за последиците не се разговара.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.