Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и денес трпи последиците од Букурешкиот договор

0
By Нова ТВ on October 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2013 14:26

Македонија и Балканот и денес ги трпат последиците од Букурешкиот мировен договор од 1913 година, сметаат дел од учесниците на Меѓународниот научен собир „Букурешкиот мировен договор, Македонија и Балканот“ што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

Академик Блаже Ристовски оцени дека Букурешкиот мировен договор има трајни последици кои и денес се актуелни во Македонија со наметнатиот проблем со името.

– Силата и интересите и денес владеат како што владееа и пред 100 години. Последиците се трајни и денес најмногу ги чувствуваме. При такви судбоносни решенија како што е Букурешкиот мировен договор последиците остануваат долготрајно, бидејќи се работи за распарчувањето на една земја и на еден народ. Тоа е трајна последица, а денес веќе дури и името ни се одрекува, ни се одрекува и нашиот идентитет, нашата култура, историја, јазикот…, изјави Ристовски пред почетокот на собирот.

Според него, доколку во 1913 година и се дадеше самостојност или автономија на Македонија немаше да има никакви последици или недоразборања со соседите.

– Се надевам дека и науката ќе и помогне на политиката да можеме некои прашања да ги реашваме многу поспокојно за доброто на сите на Балканскиот полуостров, посочи Ристовски.

За проф. д-р Тодор Чепреганов изгледа како некои работи од историјата да ни се повторуваат доколку се има во предвид се што се случува околу приемот на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Во однос на Балканските војни во матрицата на балканските држави нема никаква промена и по 100 години. Тие како да стојат во место во однос на договорот од Букурешт. Гледаме денеска што ни се случува со името. Истите оние коишто ја делеа територијата на Македонија, денеска се уште не сакаат да го признаат постоењето на државата Република Македонија, постоењето на македонска нација, македонски јазик и култура. Една од нив е Грција, а зад неа стои и Бугарија од време на време, изјави Чепреганов.

Според него, историски гледано Букурешкиот мировен договор не е целосно во функција, ако се има во предвид дека во 1944 година Србија, една од земјите потписнички се откажа од него и дозволи на територијата која ја зема во 1913 година да се формира Федеративна Народна Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.