Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марија Антоанета од нашето маало

0
By on January 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2013 15:18

И како сега кога ќе одите во театар, ќе му верувате на Хамлет? На прашањето да се биде или не, нашите уметници решија – да не се биде, учесвувајќи во фарсата наречена „Уметнички протест против неизгласувањето на буџетот“, во режија на власта. Решија да се подметнат во политичко – партиските битки.

А, цело време се прашувавме каде се, па ги прашувавме нив зошто како уметници не го дигнат гласот против неправдите на нашето општество, против материјалното и духовно осиромашување во Македонија, против невработеноста, немоѓноста да се отиде на лекар и да се купат лекови, против недостоинствениот живот на огромен број македонски граѓани.
Одговорот ни го испорачаа еден петок- тие сакаат скапи згради и сигурни платички и да се во милост на власта. Како во филмот „Мефисто“ на Иштван Сабо, одличен филм за духовната беда на режимските уметници кои му се продаваат на системот. А тие што маршираа му се продадоа – за плата, за фотелја, за хонорар плус, ги погазија идеалите на илијадниците уметници во светот и во историјата што страдале затоа што не сакале да играат како што свири власта. Велеа дека за уметност и за достоинство им биле потребни новите згради што изедоа милиони евра, велеа не сакале да се срамат од своите плати…и ја утнаа поентата, а за тоа аргумент е долгата листа уметници низ светската историја кои жртвувале се’: животот, слободата, благосостојбата, само за да останат на страната на правдата.

А нашата театарска примадона Јелена Жугиќ, налутено ни соопшти дека и во Франција, кога владеела најголемата беда, се граделе палати и мусеи, но Јелена заборави дека на Марија Антоанета, која му препорача на сиромашниот народ да јаде колачи ако нема леб, тој ист народ – ја скрати за глава.

Дел од уметниците вработени во државните институции, со уметнички манифест соопштија дека ако не се донесе буџетот до 31 декември, биле спремни на колена да клекнат и да плачат пред седиштето на СДСМ. Комедијата стана трагедија. Затоа што клекнувањето на колена не е секогаш најдобриот начин, некогаш треба да се остане исправен и покрај неволјите што тоа ќе ви ги донесе.

Декември, 2012

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.