Годинешен добитник на наградата „13 ноември“ од областа на науката и публицистиката е Даут Даути. Од областа на образованието и воспитувањето истата награда ја понесе Славка Арсовска, додека пак наградата од областа на културата ја доби Љубиша Никодиновски. Драган Мијалковски и Миодраг Мицковиќ ја освоија истата награда од областа на уметноста и од областа на спортот.
Од областа на хуманитарната активност наградата „13 Ноември“ ја освоија Миливоје Јанковски и Сузана Пауновска, додека од областа на стопанството, наградата отиде во рацете на Никола Ветаџокоски и Сојузот на стопански комори.
Од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата наградата ја освои сервисот за поправка на електрични производи „Раде Кончар“. Учениците и студентите Филип Конески, Бисера Степановска и Моника Стојанова исто така ја понесоа престижната награда.
Тајното гласањето го спроведе комисија на чело со Цена Поповска, Скендер Асани и Кокан Грчев.
Наградата „13 Ноември“ се доделува традиционално, секоја година како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на оштествениот животот.




