Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уништена е целата внатрешност на Нотр Дам од 12 век

0
By Нова ТВ on April 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 15, 2019 21:21

Катедралата Нотр Дам во Париз е уништена од огромниот пожар што го уништи ова вековното обележје.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една од најпознатите катедрали во светот.

Пламените јазици избија од покривот на катедралата, едно од најпознатите светски знаменитости  брзо ја зафатија црковната кула која се урна.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=iQrmJqt8mlM

Портпаролот на француската црква изјави дека внатрешноста на катедралата која била направена од дрвени материјали и изградена во 12 век веројатно е целосно уништена.

Службите за итни случаи се обидуваат да ги спасат уметничките дела и останатите предмети од непроценлива вредност кои што се складирани таму, изјави заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.

Портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино, за француските медиуми изјави: „Сè  гори, ништо нема да остане од црквата”

Засега нема информации дали има повредени лица.

На левиот брег на Сена се собрани илјадници луѓе кои и натаму го следеа развојот на настаните и беснеењето на огнот пред кој и пожарникарите се немоќни.  Полицијата затвори неколку метро станици и ги затвори патиштата околу катедралата.

Некои луѓе во толпата плачеа, други се молеа, се пееше „Марселезата“.

„Не можам да верувам во она што го гледам”, рече една постара жена за „Гардијан“. „Ако ова изгори, тогаш дел од историјата засекогаш ќе исчезне.”

Друг парижанин изјави дека„ не сонувал дека некогаш ќе види нешто толку депресивно”.

Претседателот Емануел Макрон го откажа планираниот говор пред нацијата и според француските медиуми и тој е пред Богородичната Црква.

На својот твитер налог тој напиша дека неговите мисли се со сите католици и со целиот француски народ „Како и сите наши сограѓани, јас сум тажен вечерва и ова е како дел од нас да гори”.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, на Твитер напиша дека „пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот и ги повика жителите да се држат настрана од безбедносниот периметар“.

Катедралата е на тешко достапен дел, на островче на реката Сена и до неа се доаѓа преку тесни улички и мовчиња кои дополнително ја отежнаа работата на пожарникарите. Но, нивната брза реакција беше оневозможена и поради големиот пожар кој ја зафати црковната кула и стравувањата дека при падот таа ќе предизвика човечки жртви. Акцијата за гасење почна дури откако кулата се урна. Во моментов се гаси пожарот од сите страни, но граѓаните реагираат бидејќи не се вклучени и хеликоптери за со нив побргу да се згасне огнот.

Светската јавност во првичните реакции смета дека ова не е национална, туку светска трагедија, Богордичната црква ја посетуваат 13 милиони туристи годишно. Таа е заштитено културно наследство и највеличествена градба  на готската архитектура во Франција.

Во гаснењето на пожарот кој се прошири и на страничните делови на катедралата се вклучени 400 пожарникари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.