Пожарникарите успејаа да ја спасат главната камена структура на 850 години старата готска градба на едно од најзначајните париски обележја со светска вредност, катедралата Нотр Дам. Од пламените јазици кои вчера ја зафатија зградата се спасени и двете кули, но не и шилестата готска кула и покривот.
Пожарот беше ставен под контрола речиси девет часа откако започна, а денеска е веќе целосно изгаснат.
Причините за пожарот се уште не се целосно утрвдени, но официјалните лица велат дека тоа би можело да биде поврзано со процесот на реновирање.
Канцеларијата на парискиот обвинител на Париз соопшти дека во моментов случајот се води како несреќа. Еден пожарникар е полесно повреден во интервенцијата во која биле вклучени 500 пожарникари.
Танкерите би ја уништиле градбата
Француската служба за цивилна заштита сооппшти дека единствената опција која не била разгледувана за гаснење на пожарот е таа, за употреба на танкери со вода од воздух, бидејќи поради тежината би предизвикале големи оштетувањ ана структурата на катедралата.
-Се користат сите средства, освен за гаснење од воздух, што може да доведе до колапс на целата структура на катедралата, се вели во соопштението, кое уследи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја предложи опцијата.

Зошто Нотр Дам е толку посебна
Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека средновековната катедрала целосно ќе биде обновена. За време на синоќешната посета на самото место, Макрон изјави дека избегнато е најлошото, бидејќи зачувана е главната структура на катедралата и најави дека ќе започне меѓународна акција за прибирање средства за реконструкција.
-Ќе ја обновиме оваа катедрала заедно и тоа е несомнено дел од француската судбина и проектот што ќе го имаме во наредните години. Тоа е она што Французите го очекуваат, тоа е она што го заслужува нашата историја, рече Макрон нарекувајќи ја „ужасна трагедија”.
Милијардерот Франсоа-Анри Пино, претседател и извршен директор на групата Керинг, сопственик на модните брендови Гучи и Ив Сен Лоран, веќе вети 100 милиони евра за реконструкција на Нотр-Дам, објави новинската агенција АФП.
Француската добротворна организација „Фондација ду Патримојн” испрати меѓународна апел за собирање средства за обвнова на катедралата, која е дел од светско културно наследство според УНЕСКО.
Пожарот започнал околу 18:30 часот и брзо го зафатил покривот на катедралата, уништувајќи ги прозорците и дрвениот ентериер пред да биде зафатена шилестата кула, која набрзо се урна.
Пожарникарите неколку часа се обидувале да спречат пожарот да зафати едно од ѕвоната.
Делови од објектот се обиколени со скелиња, како дел од процесот на реновирање, а 16 бакарни статуи минаната недела биле беа отстранети. Реконструкцијата започна откако на камената структура се појавиле пукнатини, што кај архитектите и градежниците предизвика сомнеж дека станува нестабилна.
Посебни тимови успеале да ги спасат вредните уметнички дела и религиозни предмети, вклучувајќи ја и круната од трње што ја носи Исус пред неговото распетие, која се чувала во катедралата, како и туниката за која се вели дека кралот Луј IX ја носел кога ја донел круната од трње во Париз.
-Имавме синџир на солидарност, особено во спасувањето на уметничките дела … Беа спасени и ставени на безбедно место, изјави градоначалничката на Париз, Ана Хидалго. „Ова е трагедија за целиот свет … Нотр Дам е целата историја на Париз“, додаде таа.
Историчарот Камил Паскал за француските медиуми изјави дека е уништено „непроценливо наследство”. „Камбаните на Нотр Дам совекови одбележуваа среќни и несреќни моменти. Можеме да бидеме тажни од она што го гледаме”.
Ниту една друга локација не ја претставува Франција како Нотр-Дам. Нејзиниот главен ривал како национален симбол, Ајфеловата кула, е стара малку повеќе од еден век. Нотр-Дам е над Париз од 1200 години.

Таа се смета за една од најубавите примери на француската готска архитектура. Нејзината изградба започнала во 1160 година, а завршена е во најголем дел 100 години подоцна. Поголем дел од покривот кој се простира на 100 метри огнот проголта во првиот час од пожарот.
Таа е спомената во едно од ремек-делата на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква“.
Последен пат катедралата претрпела поголема штета за време на Француската револуција. Таа преживеа две светски војни, главно без поголеми оштетувања.
Вредноста на иконата на Париз
Витражи
Катедралата има три витражи кои датираат од 13 век, кои се меѓу нејзините најпознатите карактеристики.
Првиот, и најмалиот, на западната фасада, бил завршен околу 1225 година и бил уникатен според начинот на кој стаклото се вклопува во каменот.
Јужниот витраж има дијаметар од речиси 13 метри и е составен од 84 панели.
Сепак, тој не е оригиналниот витраж, бидејќи бил оштетен во претходните пожари.
Последниот е северниот витраж, а кој до последен момент немаше информации дали е оштетен.
Двете кули
Двете готски кули се наоѓаат на западната фасада на катедралата.
Работата на западната фасада започнала во 1200 година, но првата кула – северната – била завршена 40 години подоцна.
Десет години потоа, во 1250 година, завршена е и јужната кула.
Двете кули се високи 68 метри, а а за да се дојде до врвот, потребно е да се искачат 387 скалила, по што се отвора панорамски поглед на Париз.
Ѕвоната
Катедралата има 10 ѕвона – најголемото, познато како Емануел, тежи над 23 тони и е поставено во јужната кула во 1685 година.
Катедралата ја прослави 850-годишнината во 2013 година, преобликувајќи ги помалите ѕвона од северната кула.
Првобитните ѕвона биле направени со топење на топовите од Француската револуција.
Готската кула
Познатиот шпиc на Нотр-Дам, кој се урна во пожарот датира од 12-тиот век.
Помина низ неколку промени во текот на историјата на зградата – вклучително и демонтирање за време на Француската револуција, а подоцна повторно е изграден во 1860-тите.
– Уништувањет на покривот и шпицот од Нотр Дам, а можеби и камениот свод, е незаменлив удар за наследството на француската готска архитектура, коментираа од Кралскиот институт на британските архитекти.
Реликвии
Се вели дека во Катедралата се наожа светата круна од трње која Исус ја носел на распнувањето, како и делови од крстот.















